Гостивар
Пензионери во Гостивар повторно ќе протестираат
По втор пат, група пензионери во Гостивар ќе излезат на мирен протест поради незадоволство од висината на пензиите и барање за нивно линеарно покачување. Протестот е најавен за понеделник (20 ноември) со почеток во 11 часот во близина на пензионерското здружение.
„Ги повикуваме сите пензионери коишто имаат желба и можат да присуствуваат на протестот“, велат од иницијативниот одбор.
Првиот протест на гостиварските пензионери се одржа на почетокот од месецов. Тие тогаш истакнаа дека бараат минималната пензија да биде 18.000 денари, покачувањето да не биде процентуално, туку линеарно и да изнесува 5.000 денари. Се пожалија дека со пензиите кои моментално ги примаат не можат да си ги покријат ни основните трошоци за живот.
Пензионерски протести изминатиот период се одржуваат и во други градови, а централен протест месецов се одржа во Скопје.
-
Рецептипред 3 месеци
Наједноставниот рецепт за плескавици од тиквички е сѐ што ви треба во овие топли денови за супер брз ручек и совршен вкус!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ
-
Гостиварпред 3 месеци
Жител на Добридол измамен за 2700 денари на пазар во Тетово
-
Гостиварпред 2 месеци
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Светпред 3 месеци
Земјотрес од 4,4 степени во Албанија
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар: Остри казни за сите кои го прекршуваат законот и го уништуваат јавниот имот
-
Македонијапред 3 месеци
Денес се слави Петровден
-
Гостиварпред 3 месеци
Викендов 61 издание на Галичка свадба