Поврзи се со нас

Деца Родители

Периодот од 10 до 12 години носи крупен емотивен чекор за децата

Објавено

на

Емоционален развој –  За правилен емотивен развој на детето  од големо значење е здрава семејна атмосфера, добри односи помеѓу членовите во семејството. Посебно се значајни љубовта и почитувањето помеѓу родителите, а потоа и разбирање на развојот на самото дете. Во периодот од шестата, седмата година детето има развиено големо чувство на гордост и негативно реагира на понижување. Чувствата кај детето од шестата до осмата година се прилично нестабилни и брзо се менуваат. Но после осмата година веќе детето почнува да ги контролира чувствата. Но, и покрај тоа што настојува да ги сокрие чувствата сепак во изразувањето на чувствата е непосредно. Во овој развоен период преовладува оптимистично расположение. На прво место е чувството на сопствена моќ. Во периодот од деветата до дванаесетата година доаѓа до еден крупен чекор во развојот на емоциите кај детето, се зголемува бројот на причинители кои ги развиваат чувствата кај детето, се уште главно место имаат позитивните емоции на радост и задоволство. Во овој период детето има поголема контрола над своите емоции, знае како да ги совлада гневот, стравот, љубомората. Доминантни се интелектуалните чувства кој се јавуваат во облик на радозналост, сомничавост, критичност, творештво. Доминантни чувства се радоста, задоволството и одговорноста. Со продлабочување на личноста на детето се продлабочуваат и емоциите на радост и тага.

 

Социјален развој –  Во раниот училишен период детето  многу брзо се социјализира, се прилагодува со другите и соработува со нив. Детето веќе е спремно за самостојни социјални контакти. Во овој период може да се забележи една пресвртница: детето (поради својата желба за самостојност) се повеќе покажува интерес за врсниците и децата, а се помалку за возрасните луѓе. Ова се јавува како резултат на се поголемото учество на детето во играта со врсниците. Развојот на социјализацијата кај детето се изразува во развојот на неговото социјално чувство. Во шестата, седмата година детето е способно да покаже емпатија, способно е да се соживее во доживувањата и да ги разбере другите. После осмата година детето го проширува својот социјален круг запознава нови  луѓе, деца  коишто ќе му помогнат да ја формира својата личност. Детето постепено станува помалку егоцентрично, помалку зависно и помалку насочено кон себе, се повеќе се оддалечува од возрасните и се насочува кон групата. Детето од осум, десет години бара прилика да се оддели од родителите и да им се придружи на врсниците. Друштвото преставува центар на детскиот живот. Во почеток детето во  друштвото имитира, а потоа  постанува активен член  во друштвото за да веќе на дванаесет години неговото учество во друштвото биде контролирано.

Интереси  –  Повеќе фактори влијаат во развојот на детските интереси, пред се влијае развојот на личноста, неговата околина, воспитанието, интелигенцијата на  детето, делумично полот, социјално-културните односи во семејството. Постојат големи индивидуални разлики  во поглед на интересите кај децата. Во шестата, седмата година значајно место имаат објективните интереси, интересите за аналитичко посматрање и разбирање на светот и околината. Се уште е присутен интересот на детето за движење и секојдневно ослободување на прекумерната телесна енергија  во детето. После осмата година се повеќе се јавуваат интересите за работа, сознавање и учење. Во почетокот интересите се недефинирани, но постепени се јавува интерес не само за активноста туку и за квалитетот и за резултатот на таа активност .

 

Развој на личноста – Свеста на детето за самото себе во овој развоен период се развива се повеќе и повеќе. Детето се повеќе станува свесно за себе и за другите. Во шестата, седмата година ги оценува своите креации. Детето постанува се повеќе самостојно. Се повеќе може да се забележи напредок во совладување на самите себе и се поголема самодоверба. Детето се повеќе го прифаќа гледиштето на другите деца. Доколку соработката со другите деца е се поголема, егоцентричноста кај детето ослабува, а со тоа се развива и расте самостојноста на детето. Со развој на самодовербата и самосвеста, расте и неговата социјална свест, неговата соработка со другите. Искуството коешто го добива во училиште треба да му помогне на детето да научи самото себе правилно да се оценува, правилно да прифати и да работи во склад со своите способности. Индивидуалните разлики постануваат  по изразени со поголемо изразување на индивидуалноста. Развојот на личноста на детето после десетата година е се поинтензивна, неговата личност е се покомпактна, се повеќе интегрирана. Во дванаесетата година веќе се кристализираат цртите кој ќе го обележат идниот развој на созревање. Детето во целост е спремно за премин во повисок развоен период .

 

пишува: м-р Слаѓана Ангелкоска, психолог

Советувалиште за брак и семејство,

Центар за социјална работа

                     Гостивар

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

До 15 часот во Општина Гостивар гласале 20.687 гласачи

Технологијапред 2 часа

YouTube слави 19-ти роденден-Знаете ли кое било првото објавено видео?

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Мирен изборен ден во Гостивар, попладнево поголема раздвиженост на избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Во Општина Гостивар до 11 часот излезноста е 7,46%

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Во Општина Врапчиште до 9 часот гласале 422 избирачи

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Први податоци за излезноста на изборите во Гостивар

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Седми претседателски избори во Македонија-Кој ќе биде идниот претседател?

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Сите избирачки места во Гостивар отворени навреме, гласањето тече

Македонијапред 22 часа

Пазарна инспекција ќе контролира дали трговците утре ќе работат

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена