Поврзи се со нас

Занимливости

Персиски тепих и неговото значење

Објавено

на

Земјата која се до втората половина на дваесетиот век носеше назив во чест на некогашната голема и моќна империја Персиското царство, која на човештвото им остави огромни дарови. Поезија, митови, уметноста се само некои од културните достигнувања кои ја карактеризираат земјата. Сепак прва асоцијација на Иран, држава на југозападот на Азија е производството на персиски теписи. Во сите врсти, форми и везови.

Што е поточно персиски тепих?

Традицијата која датира од времето на старото Персиско царство, според некои научници уште од петиот век пред новата ера, придонесле Иран да стане светски препознатилив по својот начин на изработка на теписи. Како есенцијален дел од персиската култура, уметноста на везење теписи се пренесувала како во најубавите бајки, од колено на колено.

Рачната изработка и трпеливоста во ткаењето, како и најквалитетната волна се само некои од состојките за совршен персиски тепих. Идеалните климатски услови за одгледување на овци, посветеноста на индивидуалните ткајачи, кои за разлика од фабричкото производство, рачно ги обработуваат материјалите и специфичните шари и форми, му даваат посебен шмек на било кој килим што излегува од Иран.

Иако оваа вештина датира од минати времиња, во кои професионалното машинско чистење на теписи и разните форми во кои можеме да ги купиме денес биле незамисливи, трудот вложен во секој дел од овој куќен украс ја надминаа епохата од која потекнува. Секој регион во Персиската империја имала посебна шара која се разликувала од останатите, но заедничко за секој од нив било квалитетната изработка до која сите се придржувале.

Улогата на теписите во општествените настани

Вештината на правење теписи во Иран не можеше да се спротистави на политичките превирањата и социјалните случувања кои во голема мера влијаеле врз секојдневниот живот. Големата побарувачка на пазарот влијаела некои материјали да се заменат со други се со цел да се одговори на големата побарувачка. Така, еден од најзначајните настани била замената на природните материјали со синтетички бои кон крајот на 19 век.

Со ова е направено отстапка во однос на автентичните делови и жртвуван е заштитниот знак на секој персиски тепих поради пазарот. Како национален симбол, персискиот тепих бил посакуван украс во секој дом, и секоја шара ја отсликувала идеолошката позадина на регионот во кој е направен.

Со одлуката во 1953 година земјата да го промени своето име во Иран, називот на теписите го задржал стариот термин – персиски. Покрај идентитетската функција, со зачувување на името исто така, се зачувала и уникатноста на примероците самиот назив, Персиси тепих.

Персискиот тепих во популарната култура

Секој што барм еднаш го погледнал ремек-делото на Дизни, Аладин, покрај желбата да ја поседува магичната ламба со духот, го посакал и летечкиот килим. Како дел од приказната “Илјада и една ноќ”, ориенталниот тепих е вграден како составен дел на популарната култура преку прераскажувањето на старите епови и бајки.

Покрај седмата уметност, персискиот килим е една од карактеристиките на богатите и вкусно украсени домови, со посебно место во сите светски Lifestyle списанија. Како еден од незаменливите декорации во секој дом, тепихот претрпел бројни трансформации низ вековите, па како пандан на рачно изработените теписи од Азија, денес може да ги сретнеме во голем број како служат за разигрување и освежување при декорирање на домовите за живеење.

Бренд кој трае и покрај сето она што го опкружува

Како еден од главните несакани ефекти на глобализацијата е фактот дека “секое чудо трае три дена”. Затоа, аспектот на традицијата е една од најоспоруваните нешта во светскиот поредок. Без разлика дали тоа е народна носија, музика или некој еп што преживува до ден-денес, важно е да се одржува она што е иноксен дел на една култура.

Затоа ” традиционалните вештини на ткаење на овие теписи ” од 2010 година се под заштита на меѓународната програма за светско наследство на УНЕСКО. Како кулминација на уметничкото изразување, персиските килими остануваат норматив поради начинот на производство, страста која се внесува во секој од нив и уникатниот израз кој е препознатлив насекаде во светот.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 6 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 8 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 9 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 10 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 11 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 12 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 13 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена