Гостивар
Пеш или со велосипед на работа-Општина Гостивар симболично го одбележа Светскиот ден без автомобили
По повод Светскиот ден без автомобили, 22 Септември, паркингот пред општинската зграда ќе биде затворен, освен за лицата со посебни потреби, а административците добија препораки до работа да дојдат пеш или со велосипед. На овој начин Општиона Гостивар симболично го одбележа денот без автомобили.
„На вработените им беше препорачано денеска на работа да доаѓаат пеш, со велосипед или со други превозни средства кои не испуштаат материи штетни за организмот и животната средина. Општинскиот паркинг останува затворен, а пристапот е дозволен само за лица со посебни потреби. Да ја заштитиме животната средина!“, порачаа од општината.
Светскиот ден без автомобили почна да се одбележува од 2000-та година, и има цел да ја крене свесноста кај луѓето за зачувување на чиста и здрава животна средина, како и применување еколошки транспортни решенија (пешачење, велосипедизам).
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар