Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Пешачењето е добро за здравјето, а после јадење е уште подобро

Објавено

на

Пешачењето е само по себе солиден тип на вежбање, но пешачењето после оброците е уште покорисно за телото бидејќи го забрзува метаболизмот, го подобрува варењето и го намалува чувството на стрес. Освен тоа, значително го намалува гликемискиот индекс, го подобрува сонот и ја забрзува циркулацијата.

Се препорачува да се прават 10.000 чекори дневно, а придобивките се загарантирани.

Го подобрува варењето

По оброкот, сите хранливи материи, како што се протеините, електролитите, водата, витамините и јаглехидратите, почнуваат да се разградуваат во телото за да може крвта да ги носи таму каде што е потребно. Пешачењето после оброк го подобрува овој процес бидејќи го забрзува движењето на храната низ гастроинтестиналниот тракт, што резултира со побрзо варење и помалку надуеност после оброк. На овој начин ќе избегнете поспаност, поради што често сакате да легнете после јадење.

Го подобрува нивото на шеќерот во крвта

Само десет минути пешачење по вечерата може да го подобри нивото на гликоза во крвта, значително поуспешно отколку во кој било друг дел од денот. Ова за возврат го намалува ризикот од развој на состојби како што се дијабетес тип II или срцеви заболувања. Одење, исто така, помага да се намалат осцилациите на гликозата, што значи дека нема да го почувствувате вообичаениот „наплив на шеќер“, а потоа ќе колабирате од замор.

Го намалува стресот

Одење после оброк може да има смирувачки ефект врз телото, а тоа може да го подобри расположението и концентрацијата. Одењето помага во производството на серотонин, невротрансмитер кој промовира добар сон, помага во регулирање на апетитот, го подобрува учењето и меморијата и ги зголемува позитивните чувства.

Ја намалува мускулната болка

Доколку чувствувате болки во мускулите поради вежбање, пешачењето е едноставна вежба која, особено после јадење, може да ја ублажи болката. Движењето на мускулите и сврзните ткива помага затоа што испраќа хранливи материи до клетките и во исто време го исфрла отпадот, што придонесува за обновување на болните мускули.

Ја забрзува циркулацијата

Одење после оброк го стимулира протокот на крв во екстремитетите и органите, а подобрата циркулација благодарение на вежбањето ќе резултира со поздрав васкуларен систем кој ќе ги транспортира хранливите материи потребни за поефикасно работење на коските, мускулите и органите.

Го подобрува сонот

Кратка прошетка по вечерата ќе ви овозможи подобро да спиете. Ќе заспиете побрзо, а сонот ќе биде подлабок, бидејќи серотонинот е всушност претходник на мелатонин, хормонот за спиење.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 1 недела

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 3 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Вестипред 5 дена

Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион

Гостиварпред 3 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 3 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 2 недели

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Гостиварпред 2 недели

Во понеделник дел од Гостивар 5 часа без струја, ќе биде исклучено и училиште

Македонијапред 4 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Гостиварпред 3 недели

Гостопримството на гостиварци и дали биле подобри домаќини од тетовци?…

Огласи за вработување:

Популарно изминативе 100 дена