Гостивар
Пешачете и возете велосипед, порака од „Ден без автомобили“ во Гостивар

Ученици, волонтери во Црвениот Крст, планинари, рекреативци се вклучија во дефилето низ градските улици во Гостивар, кое претпладнево се одржа по повод одбележувањето на Светскиот ден без автомобили.
Учесниците пеш или со велосипеди тргнаа од пред Центарот за култура, се движеа низ булеварот „Браќа Ѓиноски“ и завршија пред општинската зграда.
„Би сакал да им се заблагодарам на учениците од основните и средните училишта, невладините организации како здружението „Шари“, Сојузот на училишни спортови и Црвениот крст – Гостивар што се дел од оваа активност која секоја година ја организира општината, а која има за цел да се подигне свеста кај граѓаните што помалку да користат возила, со цел да се заштити животната средина и воздухот во градот“, рече во обраќањето пред присутните, градоначалникот Арбен Таравари.
Светскиот ден без автомобили се одбележува во рамки на Европската недела на мобилност, во која се вклучуваат 2.600 града.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог