Гостивар
Пешаци без сообраќајна дисциплина, 13 казнети во Гостивар во вчерашната контрола

Во рамките на континуираните активности што ги презема СВР Тетово за поголем ред и безбедноста на сообраќајот, вчера (3-ти април) во период од 10 до 16 часот спроведена е акциска контрола на пешаците и нивното однесување во сообраќајот. При контролата биле откриени и санкционирани 24 пешаци ( Тетово-11 и Гостивар-13). Најголемиот број од пешаците ги преминувале улиците надвор од обележани премини, а неколку не ја почитувале светлосната сообраќајна сигнализација.
„На сите прекршители изготвени им се поднесоци со парични глоби од 40 и 50 евра, како и покани за присуство на таканаречени сообраќајни поуки. Во акцијата, исто така, санкционирани се и 2 други видови на сообраќајни прекршоци.“, извести полицијата.
СВР Тетово го повторува апелот до пешаците да внимаваат кога и каде ги преминуваат улиците и како се движат по улици на кои нема обликувани тротоари, а возачите секогаш и секаде да им даваат предност, односно да ги пропуштаат пешаците, со што и едните и другите ќе придонесат за нивната и за безбедноста на другите учесници во сообраќајот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?