Гостивар
Пешаците да преминуваат улица на пешачки, возачите да им даваат предност – апел од полицијата

Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до пешаците да ги преминуваат улиците на обележани премини, да ја почитуваат светлосната сигнализација на крстосниците и правилно да се движат таму каде што нема обликувани тротоари.
„На тој начин ќе придонесат за сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, додека во спротивно ќе се соочат со законски предвидените санкции и со парични глоби кои за овој вид сообраќаен прекршок се движат од 20 до 50 евра во денарска противвредност. На родителите на малолетни деца им се советува да водат сметка и да не ги пуштаат децата сами на улица, за да не се изложат на опасност да бидат удрени од некое возило.“, нагласуваат од полицијата
На возачите им се укажува да ја намалат брзината пред прешачките премини и секогаш да им даваат предност, односно да ги пропуштат пешаците.
Недавањето предност на пешаците, според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата се санкционира со изготвување на поднесок и со глоба во износ од 200, односно 250 евра во денарска противвредност.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја