Вести
Пешаците да внимаваат! Црната статистика загрижува
Пешаците мора да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, исто и како кога учествуваат во сообраќајот во улога на возачи, мотоциклисти и велосипедисти, апелираат од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот. Искуствата покажуваат, дека голем дел од пешаците не се свесни за фактот дека и тие се активни учесници во сообраќајот и улицата ја преминуваат надвор од пешачки премини, најчесто таму каде што најмногу ѝм одговара, каде е најкраток патот, претрчуваат преку коловозот или на на црвен пешачки семафор.
„Пешаците се најмалку казнувани и најмалку контролирани учесници во сообраќајот. Нивното однесување е препуштено на личната одговорност, свест и совест, како и на нивната сообраќајна култура. Црната статистика загрижува, секојдневно се случуваат сообраќајни незгоди во кои страдаат пешаци. Загрижува фактот дека околу 25% од вкупниот број жртви во сообраќајни незгоди се пешаци. Како активен учесник во сообраќајот пешакот треба да ги почитува сообраќајните правила и прописи, затоа што само тоа може да го заштити. Ниту еден изговор, ниту едно оправдување за непромислено однесување во сообраќајот, нема да ја промени црната статистика“, наведуваат РСБСП.
Анализите покажале дека бројот на пешаци кои страдаат во сообраќајни незгоди случени токму на пешачки премин е многу голем. Од една страна, има многу неодговорни возачи кои не ги почитуваат, ниту пешаците, ниту сообраќајните правила и прописи, но има и многу пешаци кои, исто така, неодговорно учествуваат во сообраќајот.
Апелот до возачите е секогаш да се движат со особено внимание кога се приближуваат кон пешачки премин, да ја намалат брзината, да застанат и да ги пропуштат пешаците на пешачкиот премин.
Статистиката на ниво на Македонија вели дека:
- Во 2018 година, заклучно до месец септември, повредени се 626 пешаци, а загинале 17 пешаци,
- Во 2017 година, 914 пешаци биле повредени, а 34 загинале,
- Во 2017 година, на возраст над 65 години, загинале 17 пешаци.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар