Македонија
Пештерата Шаркова Дупка во Маврово официјално отворена за посетители

Во снежното Маврово, денес во организација на ЈУНП “Маврово” се одржа завршна конференција за промоција на проектот “Спелео Авантуририте – Голема шанса за Авантуристичкиот туризам”, каде беа презентирани спроведените резултати, со што пештерата Шаркова Дупка во с.Маврово и официјално е отворена за посетители.
Пред присутните поздравен говор одржа директорот на Ј.У.Национален Парк “Маврово” Самир Ајдини, а потоа со свои презентации се обратија координаторите на проектот, претставник на “Маврово 365” и Дарко Неданоски од СФМ.
„Пештерата Шаркова Дупка во с. Маврово, е една од првите туристички уредени пештери во Македонија а нејзните природни особености, вклучително и лесната пристапност овозможуваат добри предуслови за туристичко искористување. Истата за прв пат беше уредена пред 20-тина години кога и повремено работеше за потребите на туристите. Со реализацијата на овој проект се направија неколку значајни измени со што се овозможува повторно ставање во функција на пештерата. Она што е многу битно и дава реална основа дека овој значаен туристички објект ќе профункционира е тоа што од страна на Спелеолошката Федерација на Македонија беше изготвена научна студија во која се вметнати сите потребни информации и анализи како за биодиверзитетот и спелеолошките вредности на пештерата така и за туристичките вредности на истата, но и значајни информации за безбедноста и начинот на кој оваа пештера во иднина треба да биде претставувана пред посетителите“, кажа директорот на ЈУНП “Маврово”, Самир Ајдини.
Проектот е финансиран од страна на мрежата на заштитени подрачја “Паркови Динариди” во која со свој претставник во управниот одбор членува и Националниот Парк “Маврово”, а партнери во истиот се Спелеолошката Федерација на Македонија (СФМ) и локалното здружение на граѓани “Маврово 365”.
„Преку проектот од страна на СФМ се спроведе и обука за водичи во спелеолошки објекти за две лица. Истите се претставници на локалното неселение т.е жители на с. Маврово и со нив Националниот Парк “Маврово” ќе потпише договор за соработка. Со ова ќе се обезбеди поефикасен начин на функционирање на пештерата, ќе се обезбеди работно време кога истата ќе биде отворена а двајцата водичи во директна комуникација со хотелите, туристичките агенции, образовните институции, другите сместувачки капацитети но и угостителските објекти ќе може да договараат термини за организирани посети на истата“, додаде Ајдини.
Пештерата за туристите ќе биде достапна преку целата година. Наскоро ќе биде изготвена програма и работно време според кое истата ќе функционира. Покрај редовните и организираните посети, планирани се и ноќни тури, тури наменети за ученици и студенти и сл. Во текот на овој викенд и наредната недела влезот во пештерата за сите гости ќе биде бесплатен, но истиот ќе може да се реализира со претходна најава и во договор со одговорните лица. За повеќе информации ќе може да се обратите на 042 489 425 Туристички Информативен центар НП Маврово и 072 210 777 “Маврово 365”.
Убавините на пештерата Шаркова Дупка во Маврово (Фото галерија)
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја