Поврзи се со нас

Гостивар

Пештерата „Убавица“ во Горна Ѓоновица атрактивна и за Американците

Објавено

на

Пештерата „Убавица“ близу гостиварското село Горна Ѓоновица прераснува во авантуристичко-туристичка атракција. Ретка со својот раскош од сталактити и сталагмити создавани со илјадници години, канал со вода, водопад висок околу седум метри, пет врела…привлекува посетители од сите страни на земјава, но и од странство.

Од спелеолошкиот клуб Кораби од Гостивар кој изминатиот период организира тури во пештерата, велат дека интересот е голем, со напомена дека групите се со ограничен број учесници заради антиковид мерките.

„Во текот на еден месец организиравме шест тури. Ние претходно сме биле на специјализирани обуки и учествуваме во многу проекти. Идејата е дека оваа пештера може да биде спелеолошко-туристички тагрет на мали групи и преку тие проекти се обучивме како да го спроведуваме тоа. Интересот е навистина голем, имавме посетители од цела Македонија, од Куманово, Битола, Велес, Скопје, а интересно е што имаме и странски посетители. Една цела група беа американски државјани коишто се на работа во земјава и тие без воодушевени од пештерата.“ , вели Јетон Османи, претседател на клубот.

Организираната тура со обучен водич вклучува превоз до пештерата, ланч пакет, спелеолошки комбинезон и шлем, кои ги обезбедуваат од спелеолошкото друштво. Одредени работи треба да си понесат самите посетители. „Секој посетител треба да си носи резерва обувки и чорапи, затоа што внатре се оди низ вода и кога ќе се излезе треба да се имаат суви за промена, нели да не се настине.“, вели Османи.

За да прошетате низ „Убавица“ не е потребна некоја посебна физичка подготвеност, но тоа задолжително треба да го направите со обучен водич.

„Тури до пештерата ќе има дека временските услови го дозволуваат тоа, на зима не може да се оди во пештерата, поради зголемено ниво на водата. Инаку, за да се вклучите во посета на пештерата не треба некоја посебна подготвеност, само нормална физичка подготвеност, не треба да се плашите од темница, едноставно треба да уживате во целиот амбиент. Има некои потесни делови, но верувајте и луѓе од по 150 килограми поминувале без тешкотии. А, сите некако на почетокот се плашат од тоа“, објаснува Османи.

За посетите на Убавица што ги организира клубот Кораби информации може да се најдат на нивните страници на фејсбук и инстаграм.

Оние кои се уште не собрале храброст да стапнат во пештерата, имаат можност да уживаат во 3 Д виртуелна тура.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена