Поврзи се со нас

Гостивар

Пет казни во Гостивар при контрола на автобуси, комбиња и такси возила

Објавено

на

Денеска (16.08.2022) од 6.00 до 10.00 часот, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово спроведена е акциска контрола со која биле опфатени вкупно 38 возила кои вршат јавен превоз на патници, најмногу автобуси и комбиња, како и такси возила.

„При контролата биле откриени и адекватно санкционирани 5 прекршоци во Гостивар, за технички и други недостатоци. Две возила биле со неисправни сопирачки, исто толку немале извршено технички преглед, а едно имало истечена регистрација. На прекршителите изготвени им се соодветни поднесоци, а 3 возила веднаш се исклучени од сообраќај.“, соопшти СВР.
При контролата, исто така, санкционирани биле и 3 други видови сообраќајни прекршоци (Тетово-2 и Гостивар-1), од кои едно возило без потребните документи за вршење на јавен превоз.

Полицијата најави дека ваквите контроли ќе продолжат и во наредниот период и посебно пред и со почетокот на новата учебна година, зашто од и кон Тетово и Гостивар секојдневно ќе се превезуваат и голем број ученици од основните и средните училишта на подрачјето. Целта е навреме да се откријат и отстранат од сообраќај технички неисправните возила и да се обезбеди непречено и безбедно превезување на патниците. 

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена