Вести
До пет лица дневно на инфективно во Гостивар заради крлежи
Не поминува ден без пациент каснат од крлеж на инфективното одделение во општата болница во Гостивар. Овие паразити се особено активни во потоплиот период од годината, а искуството на лекарите вели дека ги има насекаде, во шумските предели, ливадите, по нивите, низ дворовите со повеќе трева, во парковите.
Од едно до пет лица каснати од крлежи, секојдневно се обраќаат за помош на инфективно.
„Порано можеше да се случи во текот на целата година да имаме само по неколку случаи, но последниве години бројката расте. За овој период можам да кажам дека до пет пациентите примаме секој ден. Лицата прво одат на хирургија да се извади осилото, а ние потоа продолжуваме со терапија која се состои од серум антитетаникум, антибиотик, аналгетик и кортико“, вели инфектологот д-р Драган Наумовски.
Иако бројката на пациенти расте, добра околност е што најголемиот дел од лицата поминуваат со благи симптоми од локална природа, како црвенило и јадеж на местото на каснување. За среќа, болест којашто е предизвикана од крлежи на подрачјето на Гостивар не е регистирана веќе пет години. Во 2012-та година во мај и јуни беа евидентирани два случаи на Лајмска болест, од кои едниот беше кај шестгодишно дете.
Што може секој од нас да направи како превентива во однос на крлежите и другите инсекти и паразити кои напаѓаат во овој период?
При престој на отворено, во шумски предели, во паркови и слично, граѓаните треба да избегнуваат движење низ високи треви и грмушки. Облеката треба да биде светла и задолжително да ги покрие отворените делови од телото: раце, нозе, врат и глава. Препорачливо е да се користат заштитни средства во вид на спрејови или креми, таканаречени репеленти, кои ги одбиваат крлежите. По враќање дома, потребно е да се направи самопреглед и облеката добро да се истресе.
-
Гостиварпред 6 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди