Поврзи се со нас

Занимливости

Пет најскапи книги во светот

Објавено

на

5.The Canterbury Tales (Кентербериски приказни) – Geoffrey Chaucer

продадена за 7,5 милиони долари

“Кентербериски приказни“ е збирка на приказни кои, кон крајот на 14-ти век, ги напишал Џефри Чосер.

Првото печатено издание од оваа книга е продадено за 4,6 милиони фунти (околу 7,5 милиони долари) во Лондон 1998 година. Од десеттина познати примероци од првото издание, овој примерок бил последен кој се наоѓа во приватна сопственост, а бил купен во 1776 година за 6 фунти.

4. The Birds of America (Птиците на Америка) – John James Audubon

продадена за 11,5 милиони долари

“Птиците на Америка“ заслужува да заземе повеќе од една позиција на оваа листа. Но, сепак се работи за една книга, а различни копии кои се продадени за вртоглави суми.

The Birds of America е книга на натуралистот и сликар Џон Џејмс Одибон, која содржи илустрации на разни птици од САД (1827 – 1838). Во светот постојат само 119 комплетни копии. Една е продадена во јануар 2012 година за 7,9 милиони долари, друга е продадена во 2000-та година за 8,8 милиони долари, а до сега најскапиот примерок е продаден во декември 2010 година за 11,5 милиони долари.

3. Евангелието на Хенри Лавот – Бенедиктински ред

продадена за 11,7 милиони долари

Оваа книга, изворно ја порачал Хенри Лавот (Henry the Lion), војводата од Саксонија, за олтарот на Блажена Дева Марија во катедралата Брунсвик.

Книгата ја купила германската влада во Лондон 1983-та година за 8,14 милиони фунти, или околу 11,7 милиони долари. Книгата има 266 страници, од кои 50 се исполнети со илустрации. Овој уникатен примерок се смета за ремек дело од 12 век.

2. Евангелието на Свети Катберт – непознат автор

продадена за 14,3 милиони долари

Евангелието по Свети Катберт е џебна книга од 7 век, напишана на латински јазик. Убаво уредените и украсени кожни корици се најран познат пример на заштита на книги на овој начин во западната култура.

Со големина од 138 x 92 милиметри на страниците, оваа книга е еден од најмалите англосаксонски ракописи. 17-ти април 2012 година, откако лансирале кампања за собирање на средства и купување на книгата, British Library објави дека трансакцијата е звршена и дека конечно ја поседуваат „најстарата, преживеана, недопрена Европска книга и една од најзначајните книги во светот.“ Ја платиле 14,3 милиони долари.

1. Codex Leicester (Кодекс Лестер) – Леонардо да Винчи

продадена за 30,8 милиони долари

Најпозната книга на Леонардо да Винчи, бележник од 72 страници е исполнета со рачно напишани Давинчиеви мисли, идеи и цртежи од фосили па сѐ до движење на водата.

Ракописот, прв го купил Томас Кол 1717 година, кој подоцна станал Earl of Lecester. Во 1980 година ракописот го купил колекционерот Арманд Хамер, а во 1994 книгата ја купил Бил Гејтс на аукција за 30,8 милиони долари, правејќи ја најскапата продаена книга на светот на сите времиња. Гејтс набрзо ја скенирал книгата и ја направил достапна за остатокот од светот.

Додека сме на оваа тема…

Magna Carta (Големата повелба за слобода)

продадена за 21,3 милиони долари

Иако не е книга, вредно е да се спомене дека Magna Carta која англискиот крал Иван Без Земја бил приморан со оружје да ја прифати, е продадена за 21,3 милиони долари.

Една копија купил Дејвид Рубенстеин во 2007 година за 21,3 милиони долари и овој примерок трајно го позајмил на Државниот архив во Вашингтон.

Die Aufgabe (Задачата) – Томас Александер Хартман

моментално се продава за 153 милиони долари

Оваа книга има само 13 страници, не е многу стара, но е многу ретка и многу, многу скапа. Ја напишал Томас Александер Хартман, германски уметник и писател. Испечатен е само еден примерок и го поставил на аукција 2008-ма година со цена од 153 милиони долари.

Причината, зошто цената на оваа книга е толку висока е тоа што авторот се смета себеси за “најголемиот филозоф на сите времиња“ и тоа што за тринаесетте страници од оваа книга му биле потребни 30 години. Сеуште нема знаци дека некој ќе ја купи оваа книга.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена