Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Пет намирници кои се особено корисни за консумирање овие денови

Објавено

на

Важна хранлива материја која на нашето тело му треба за нормално да функционира е витаминот Д. Со самото споменување на овој витамин, прво што ни паѓа на ум е сонцето, затоа што нашето тело го добива во најголеми количини од сончевите зраци.

Кога станува збор за неговите придобивки, најчесто се поврзува со одржување на здравјето на мускулно-скелетниот систем, но неговите својства одат многу подалеку.

Важен е при модулирање на растот на клетките, во функција на нервите, мускулите и мозокот, ризик од некои невролошки заболувања, намалување на ризикот од многу хронични болести, заштита од воспаленија, како и намалување на смртноста воопшто.

Исто така, витаминот Д земен во форма на додатоци во исхраната е корисен кај автоимуни и онколошки пациенти.

Најважниот извор на витамин Д е секако неговата синтеза во кожата под влијание на сончевата светлина. Сепак, постои и храна која е богата со овој витамин. Иако, најголемиот дел од нашиот витамин Д доаѓа од сонцето, во овие денови кога сончевите зраци не можат убаво да продрат до нас, секоја дополнителна помош во внесување на овој витамин е добредојдена. Ова се неколку намирници со кои преку „чинија“ може да внесете витамин Д во организмот:

Риба

На списокот на риби богати со витамин Д се туна, сардини, скуша, треска, харинга и лосос.

Туна во конзерва

И оваа опција не е лоша, и многу луѓе претпочитаат конзервирана туна поради нејзиниот вкус и едноставните методи на чување. Исто така е поевтино од свежата риба.

Жолчка од јајце

За луѓето кои не јадат риба, корисни информации се дека морските плодови не се единствениот извор на витамин Д. Една опција се јајцата. Белото од јајце е богато со протеини, а мастите, минералите и витамините се наоѓаат претежно во жолчката од јајце.

Печурки

Како и луѓето, габите синтетизираат витамин Д кога се изложени на УВ светлина. Печурките се единствениот добар растителен извор на овој витамин. Дивите печурки се подобар извор на овој витамин отколку комерцијално одгледуваните, но потсетуваме за да соберете печурки сепак треба да имате одредено поззнавање и да бидете претпазливи.

Рибино масло од бакалар

Овој додаток во исхраната е богат со витамин Д.

Како заклучок, природниот избор на витамин Д е ограничен, особено ако сте вегетаријанец или не сакате риба. За среќа, постојат и додатоци во исхраната и прехранбени производи кои природно не содржат витамин Д, но се збогатени со овие хранливи материи за да можат да послужат како замена.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена