Здравје и убавина
Пет неверојатни докази за тоа дека среќата е најдобар лек, кој ниедна таблета не може да го замени

Среќата е многу поширок поим, отколку што можеме да замислиме, а најдобро би можела да се опише како множество на позитивни чувства: радост, спокој и задоволствоод самите себе и од светот во кој живееме.
Среќата не прави добри работи само за нашата психа, туку и за нашето тело. Ова го имаат потврдено научните истражувања.
Овие се петте главни бенифиции од среќата:
1.Подолг живот
Триесетгодишна студија, која е завршена во 2015 година, го проучувала ефектот, кој среќата го има над животот на 32.000 луѓе. Ризикот од смрт, бил за 14 посто поголем кај несреќните луѓе. Позитивниот став кон животот и сето она што го нарекуваме среќа има одлично влијание врз долгиот живот. Таа намалува ризикот од предвремена смрт за 18 одсто кај здравите луѓе и за 2 одсто кај болните луѓе.
2.Посилен имунитет
Добриот имунитет е клучен аспект за да имаме здрав организам. Научниците спровеле студија, во која повеќе од 300 здрави луѓе, биле прашувани дали се среќни. Зависно од одговорот, тие ги поделиле во две групи, а потоа ги заразиле со вирус, кој бил обична настинка. Испаднало дека настаниле, оние луѓе, кои не се сметале себе си за среќни. Ефектот на среќата врз имунитетот не е комплетно разјаснет. Се верува дека доброто расположение влијае на хипоталамусот(дел во мозокот, кој го поврзува со очите и други делови од телото), хипофизата (вид на жлезда во мозокот) и надбубрежните жлезди, кои го регулираат имунитетот, хормоните, дигестивноста и стресот. Освен тоа, среќните луѓе поздраво се хранат и повеќе вежбаат, па на тој начин го зајакнуваат имунитетот.
3.Контрола на стресот
Стресот го зголемува нивото на кортизол во телото, па со тоа се дебелееме, имаме проблем со спиењето, може да се појави дијабетис од тип 2 и зголемување на крвниот притисок. Студијата спороведена на преку 200 луѓе, покажала дека нивото на кортизол, за 32 одсто е понизок кај луѓето, кои се сметаат за среќни. Резулатот покажал дека кај среќните луѓе се лачи помалку кортизол, кога се во стресни ситуации.
4. Здрав начин на живот
Кога сме добро расположени и задоволни, посегаме по здрава храна, повеќе време поминуваме на свеж воздух и повеќе се рекреираме. Истражувањето спороведено на повеќе од 7.000 возрасни личности, покажало дека луѓето со позитивен поглед на светот, јадат повеќе овошје, зеленчук и здрави житарици и најмалку десет часа неделно се бават со спорт. Здравата исхрана го намалува ризикот од дијабетис, инфаркт, мозочен удар и кардиоваскуларни болести. Редовната телесна активност ги зајкнува коските, мускулите и лигаментите. Го зголемува нивото на енергија, го намалува крвниот притисок и ја регулира телесната тежина.
5.Здраво срце
Високиот крвен притисок е главниот причинител за појава на срцеви болести. Истражувањето, кое е спроведно на над 6.500 луѓе, постари од 65 години, покажало дека среќните луѓе, во просек имаат 9 одсто понизок крвен притисок. Друго истражување покажло дека позитивниот став кон животот, може позитивно да влијае на луѓето, кои се опоравувааат од инфаркт.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја