Здравје и убавина
Пет придобивки од јадење бадеми секој ден

Бадемите се вкусни и здрави јаткасти плодови богати со хранливи материи. Денес тие се се позастапени во редовната исхрана бидејќи можат да ги задоволат дневните потреби за повеќе видови витамини и минерали. Нутриционистите советуваат да јадете по една рака бадеми секој ден за да ги задоволите потребите на организмот за хранливи материи. А ова се неколкуте придобивки од редовното консумирање бадеми за кои можеби не сте знаеле.
Тие се богати со антиоксиданси
Бројни студии ја покажаа важноста на антиоксидансите во заштитата на клетките од оштетување. Бадемите се еден од најбогатите извори на антиоксиданси кои го штитат нашето тело од оксидативен стрес, воспаление и стареење.
Тие содржат големи количини на витамин Е
Витаминот Е е еден од есенцијалните витамини кој му помага на нашето срце да функционира, а исто така има докажани придобивки за луѓето со Алцхајмерова болест. Бадемите се богати со витамин Е, а само 28 грама бадеми наводно може да задоволат 50 отсто од дневните потреби за овој важен витамин.
Тие се богати со магнезиум
Друга хранлива состојка која ги прави бадемите чудотворна храна е магнезиумот. Иако ова можеби е непознато за многу луѓе, истражувањата покажаа дека магнезиумот придонесува за подобро извршување на повеќе од 200 различни функции во нашето тело. Според препораките на експертите, здрав возрасен човек треба да консумира 420 милиграми магнезиум дневно.
Тие можат да помогнат во контролата на телесната тежина
Имајќи предвид дека една шака бадеми содржат големи количини влакна, овие јаткасти плодови се одличен извор на диетални влакна. Затоа, ако секое утро јадеме една шака бадеми, можеме да останеме сити подолго. Јадењето бадеми наутро последователно ќе го намали внесот на калории во текот на денот и ќе ја одржи нашата тежина под контрола.
Тие помагаат во зачувување на здравјето на срцето
Количината на магнезиум во бадемите ги прави одлична храна за нашето срце. Антиоксидансите присутни во бадемите го подобруваат здравјето на срцето и го намалуваат крвниот притисок, а се верува и дека бадемите го контролираат нивото на шеќер во крвта.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!