Поврзи се со нас

Занимливости

Пет заборавени градови за кои времето е застанато

Објавено

на

Постојат многу причини зошто еден град може да се напушти. Војна, природни катастрофи, климатски промени, губење на важни трговски партнери… Без оглед на причината, овие градови се заборавени со векови, а денес се заштитен (недопрен) дел од заедничката човечка историја.

Сухотаи

Сухотаи

Сухотај2

Сухотаи е еден од историски најважните и најстари градови во Тајланд. Првично провинциски град на Кмерската империја, Сухотаи стана независен во 13 век и стана главен град на новонастанатата независна држава Таи. Според историските записи, имал околу 80.000 жители.

По 1351 година, кога Ајутаја е основана како главен град на силниот ривал на династијата Таи, неговото влијание започнало да опаѓа, а во 1438 година градот бил освоен и со тоа стана дел од кралството Ајутаја. Сухотаи е целосно напуштен кон крајот на 15-от или почетокот на 16-тиот век.

 

Мохенџо-даро

Мохенџо-даро

Мохенџо-даро2

Изграден околу 2.600 година пред нашата ера во денешен Пакистан, Мохенџо-даро бил еден од првите урбани градови во светот. Поради својот планиран изглед заснован на мрежа на градски улици направени во совршени шари, овој град порано бил вистинско архитектонско чудо. На својот зенит, веројатно имал околу 35.000 жители.

Зградите лоцирани овде биле особено напредни во времето на нивното градење, конструкции изградени од цигли со иста големина, направени од печена кал и изгорено дрво. Мохенџо-Даро, како и цивилизацијата во долината на Инд, исчезнува без трага околу 1.700 година п.н.е. и беше откриен повторно во 1920 година.

 

Хатра

Хатра

Хатра2

Голем град под влијание на Партиското царство и главен град на првото арапско кралство, Хатра издржал неколку напади на Римјаните благодарение на високите, дебели, sидови и кули.

Кога конечно бил освоен, од иранската Сасанидна империја во 241 година п.н.е., градот бил уништен и конечно напуштен. Урнатините на Хатра во Ирак, особено храмовите каде хеленистичката и римската архитектура се спојуваат во едно, сите со додавање на ориентални украси, сведочат за големината на друга античка цивилизација.

 

Санчи

Санчи

Санчи2

Градот Санчи се градел повеќе од илјада години. Почнувајќи од будистичките столбови во 3 век п.н.е., сè до будистичките храмови и манастири во 10 и 11 век. За жал, повеќето од овие импресивни архитектонски зафати денес лежат во урнатини.

Во 13 век, по падот на будизмот во Индија, Санчи бил напуштен и џунглата се преселила во градот наместо луѓето. Градот бил повторно откриен дури во 1818 година.

 

Хатуша

Хатуса

Хатуса2

Хатуша стана главен град на Хетитската империја уште во 17 век п.н.е. Таа била уништена, заедно со хетитската држава, околу 1.200 п.н.е., и конечно била целосно напуштена.

Според современите проценки, Хатуша имал меѓу 40 000 и 50 000 жители. Изгубениот град е откриен на почетокот на 20 век во централна Турција од страна на археолошки тим од Германија. Едно од најважните откритија пронајдени на оваа локација беа глинени плочи, кои се состојат од правни прописи, процедури и литература на античкиот Блиски исток. (втората слика погоре покажува 3Д модел на градот)

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Македонијапред 2 недели

Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус

Гостиварпред 4 недели

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Вестипред 3 недели

УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ

Гостиварпред 3 недели

Полициски службеник и уште едно лице осомничени за продажба на кокаин во Гостивар, Тетово и Скопје

Гостиварпред 4 недели

Во крводарителната акција на Gо Bikers од Гостивар собрани 20 единици крв

Вестипред 4 недели

Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди

Рецептипред 4 недели

Крем супа од тиква и морков – топло, вкусно и хранливо

Гостиварпред 3 недели

Во Гостивар одбележани 80 години од загинувањето на борецот херој, Сретко Крстески

Гостиварпред 2 недели

Пронајдени гранати при ископ на тротоар во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 3 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 4 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 9 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 9 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 11 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 11 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 1 година

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена