fbpx
Поврзи се со нас

Вести

Петличковски: Околу пикот сме на омикрон, не очекувам следните месеци и години короната да биде сериозен проблем за човештвото

Објавено

на

    Некаде околу пикот сме на сојот омикрон, имајќи предвид дека и во земјите во соседството и во земјите во Западна Европа, овој последен бран на корона инфекцијата се ширеше многу брзо и многу побрзо стивнуваше, истакна  директорот на Институтот за имунологија, д-р Александар Петличковски. Не очекува во следните месеци и години короната да биде сериозен проблем за човештвото. Препорачува да се носат маски N95.

    Во гостување на Сител, во врска со предлозите од стручната јавност дека треба да се укинат мерките за заштита и да се овозможи формирање колективен имунитет преку овој сој омикрон базирајќи се на тоа дека дава поблаги симптоми, тој рече дека тоа не е добар повик и дека е опасен, хазардерски повик, затоа што, како што појасни „се уште и денес, иако релативно полесна слика се гледа со сојот омикрон, не сме сигурни дека кај секој кој ќе се зарази со омикрон, сликата ќе биде таква“.

    – Повторно има луѓе кои умираат од оваа зараза. Ние не знаеме во кој момент евентуално и оваа варијанта на коронавирусот ќе се промени во некоја поопасна, а тогаш ќе биде касно да каже ме враќајте ги маските назад. Според сите светски научни препораки, почнувајќи од Центарот за контрола на болести и сите понатаму, ова не е момент маските да се фрлат. Напротив препораките одат во насока да се користат ефикасни маски, да се фрлат маски од ткаенина, хирушки маски и се повеќе луѓето да се ориентираат на N95 маски, рече д-р Петличковски.

    На прашање дали државата може да овозможи бесплатни тестови на учениците и дали такво нешто може да помогне во ширењето на омикрон, истакна дека веројатно може. Трендот во светот, како што посочи, е држење на инфекцијата и на преносот на вирусот под контрола со тоа што се намалува периодот на изолација и се тежнее кон тоа луѓето што побрзо да се вратат во нормалниот живот. Според него, во таа насока би било добро оние кои се тестираат и се позитивни да се повлечат кратко од три до пет дена од јавниот живот и потоа по петтиот ден да се тестираат и доколку не се позитивни, да се вратат во нормалното функционирање.

    – Идејата е да се задржи работоспособноста, да не се појави проблем во економијата. Овие препораки се произлезени од многу сериозни студии. Препоставувам дека се логични, истакна Петличковски.

    Во врска со тоа дали може да се очекува зголемен број хоспитализации, рече дека омикрон е детектиран пред две недели, но оти веројатно и некое време пред тие две недели бил присутен.

    – Се очекува да има зголемен наплив на хоспитализирани затоа што имаме многу голем број позитивни луѓе. Инаку релативно и бројот на смртни случаи и бројот на хоспитализации е значително подобар кога ќе го споредиме со делта сојот. Но, повторно да не се залажуваме, има луѓе кои умираат после инфекција со омикрон сојот. Препораките на СЗО се во таа насока, пандемијата се уште не е завршена и Ковид се уште е тешка болест. Затоа не е време за олабавување. Кога ќе ги погледнеме икуствата од земјите во Западна Европа гледаме дека овој бран трае кратко и последиците кои ги остава не се така страшни како претходно, потенцира д-р Петличковски.

    Вели дека е изненадување за науката тоа што лица кои веќе прележале, повторно се заразуваат.

    – Не очекувавме вакцините да траат толку кратко, имунитетот да отвора простор за нови инфекции. Не можеме да кажеме дека траат многу кратко бидејќи оваа лесна слика повторно може да е резултат и на претходната имунизација. Ние две години живееме со пандемијата и не сме на истата стартна позиција како пред две години. Овој имунитет кој глобално сме го стекнале и со прележување на болеста и со вакцинација има резултат и можеби дел од овие благи клинички слики се должат и на тоа. Овој вирус е изменет во однос на претходните и тие измени му даваат простор да може да ги избегне имуните механизми, но повторно сите статистики во светот укажуваат дека клучната придобивка од вакцинацијата, спасување живот и заштита од тешка болест е евидентна во над 90 проценти од случаите, рече д-р Петличковски.

    Во врска со податоците на Институтот за јавно здравје дека седум лица по трет пат се заразиле со Ковид-19, истакна дека не е невозможно вирусот да се најде во носот на некоја индивидуа и при тестирање да се покаже позитивен резултат, но тоа не  значи дека таа личност е болна.

    – Носењето на вирусот не треба да се поистоветува со болест, така што за овие по трет пат заразувања треба многу лабораториска работа за да се потврди реално дека се работи за класични инфекции по трет пат. Кај нас не е потврдено такво нешто во лаборатории и незнам во светот дали има потврда за некој кој три пати прележал коронавирус, рече д-р Петличковски.

    Посочи дека не е исклучено човек да биде позитивен и на едната и на другата варијанта на Ковид-19. Според него, се работи и на нови варијанти на вакцините кои се очекуваат да бидат подготвени во март и кои ќе бидат многу специфични за омикрон. За третата доза вакцини, рече дека постојат сериозни научни податоци кои покажуваат дека со неа се подобрува ефикасноста.

    Нагласи дека во моментот ситуацијата за човештвото е поволна затоа што омикронот поминува релативно лесно, остава имунитет и во овие изминати месеци глобално сме отишле многу напред со имунитетот.

    – Реално не можеме да предвидиме затоа што повторно останува тврдењето дека со пренесувањето од еден на друг домаќин вирусот има шанси за менување. Природно еволуциски е да очекуваме дека ќе излезат новите варијанти дека ќе бидат поблагонаклонети и дека оваа епидемија ќе се движи кон ендемска форма односно дека овој вирус ќе продолжи да постои, слично како тоа се случува со грипот во одредени периоди, во одредени региони ќе се зачестуваат инфекциите, но не очекувам лично во следните месеци и години короната да биде сериозен проблем за човештвото, па ниту за Македонија, додаде д-р Петличковски.

    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement

    Отворени огласи за вработување:

    Advertisement
    Македонијапред 8 минути

    СОНК и МТСП се договорија, нема да се кратат платите за вработените во градинките кои штрајкува

    Гостиварпред 51 минута

    Измамен гостиварец, порачал половни машини за косење

    Вестипред 2 часа

    Продолжува рекордниот раст на рубљата во однос на доларот и еврото

    Што, како, каде?!пред 2 часа

    Неверојатни цени само за Вас! – Нов Ултра леток на Ултра Маркети

    Гостиварпред 3 часа

    Приведен дилер баран по наредба на судот во Гостивар за казна затвор од 6 години

    Гостиварпред 4 часа

    Викенд временска прогноза

    Гостиварпред 16 часа

    Ќе се реновира детското одделение во болницата во Гостивар

    Македонијапред 18 часа

    Малиот гениј Македон на прием кај Пендаровски и Шаќири

    Гостиварпред 19 часа

    Возат патници со неисправни возила, 15 казни во Гостивар и Тетово за превозници

    Вестипред 19 часа

    Расте бројот на заболени од мајмунски сипаници во Европа и Северна Америка

    Гостиварпред 22 часа

    Приведен гостиварец, се однесувал агресивно кон полицајци

    Гостиварпред 24 часа

    Свеченост за матурантите во економското училиште во Гостивар: Ни го покажавте патот, предизвикот е наш!

    Гостиварпред 1 ден

    Малолетник повреден со нож пренесен во болницата во Гостивар

    Вестипред 5 дена

    Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер

    Гостиварпред 3 дена

    Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар

    Гостиварпред 2 недели

    Гостиварец докторант на Универзитетот во Чикаго со проект за учениците во Гостивар

    Гостиварпред 2 недели

    Седум години непребол-Вечна слава на хероите Ненад и Горан

    Гостиварпред 2 недели

    Оглас за 22 вработувања во Општина Гостивар

    Гостиварпред 2 недели

    Концерт на гимназијата во Гостивар за успех на матурантите и добредојде на полуматурантите

    Гостиварпред 4 дена

    Завршил во ПС Гостивар поради закани кон сестрите и внуката

    Гостиварпред 2 недели

    Во Гостивар поставени инфо-табли за реката Вардар

    Гостиварпред 1 недела

    Техничкото училиште во Гостивар се презентира пред полуматурантите

    Гостиварпред 2 недели

    Гостиварци засукаа ракави-„Генералка викенд“ како порака за еколошко освестување

    Спортпред 2 недели

    Распали гостиварската артилерија за голема победа против ТФТ Скопје 92-85

    Гостиварпред 1 недела

    Ботанички градини во две училишта во Гостивар, децата со љубов одгледуваат билки и зеленчук

    Гостиварпред 4 дена

    Почина Петар Илоски, еден од втемелувачите на гостиварската кошарка

    Спортпред 2 дена

    МЗТ Скопје без проблеми во празната Младост против Гостивар 72-85

    Спортпред 4 дена

    Пелистер славеше во празна сала со само „пет на пет“ против КК Гостивар

    Вестипред 5 дена

    Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер

    Спортпред 2 недели

    КК Гостивар го „стопи“ и Еуроникел 78-70

    Гостиварпред 2 недели

    Концерт на гимназијата во Гостивар за успех на матурантите и добредојде на полуматурантите

    Гостиварпред 4 недели

    Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!

    Културапред 4 недели

    Успешен концерт во Гостивар на друштвото „Браќа Ѓиноски“ во чест на Велигден

    Спортпред 1 месец

    2МФЛ: ФК Гостивар го шокираше Вардар совладувајќи го 2-1

    Гостиарскипред 2 месеци

    Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење

    Гостиварпред 2 месеци

    Гостиварското основно музичко училиште прослави патронат

    Гостиварпред 2 месеци

    Состојба на скривниците во Гостивар – Ќе завршат ли работа во случај на „Не дај Боже“?

    Гостиварпред 3 месеци

    Гостивар порача: Не сте сами!-Поддршка за жените во борбата против рак

    Спортпред 3 месеци

    Храбриот Гостивар немаше доволно сили за целосен шок – Победа на МЗТ 87-85 (фото)

    Advertisement
    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена