Вести
Петнаесетгодишен ученик нападнал наставник
Во Полициската станица во Гостивар пријавен е физички напад врз наставник во основното училиште „Исмаил Ќемали“ во гостиварското село Симница. Според информациите од полицијата, 15-годишен ученик од ова училиште физички го нападнал својот 62 годишен наставник.
По кусата вербална расправија, поради тоа што ученикот одбивал да влезе во училницата, малолетникот се нафрлил на наставникот и почнал да го удира со клоци и тупаници по главата и телото, нанесувајќи му видливи повреди на левата страна од главата, односно расекотина и оток на челото. Друго лице, вработен во училиштето, го спречил малолетникот да продолжи со физичкиот напад, а повредениот наставник се обратил за укажување медицинска помош и потоа приложил комплетна медицинска документација.
Малолетникот, во присуство на родител, бил повикан на разговор во Полициската станица Гостивар. Од таму соопштуваат дека по целосно расчистување на сите поединости ќе биде поднесена соодветна пријава.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди