Гостивар
Петнаесетина казни за моторџии во последната акција во Гостивар

Секторот за внатрешни работи Тетово вчера (29 август) од 18 до 24 часот спроведе акциска контрола на мотоцикли. При контролата, откриени и санкционирани се вкупно 28 прекршоци, по 14 во Гостивар и во Тетово. Најголемиот број од прекршоците се однесувале на некористење на заштитен шлем, односно кацига, 9 мотоциклисти управувале без положен возачки испит и валидна дозвола, неколку непоседувале осигурителна полиса.
„На сите прекршители изготвени им се законски предвидените поднесоци, а оние без возачи дозволи веднаш се исклучени од сообраќај и ќе се соочат со парични глоби од 250 евра во денарска потиввредност, додека оние без кациги со глоба од 50 евра во денарска противвредност.“, извести полицијата.
Секторот за внатрешни работи Тетово повторно со апел до мотоциклистите да се придржуваат кон важечките сообраќајни знаци, правила и прописи и посебно да внимаваат на бучавоста, пред се во вечерните и доцните ноќни часови. Зашто, на пребучните мотоциклисти ќе им се изготват поднесоци со 400 евра глоба, а и времено ќе им бидат одземени мотоциклите на 90 дена. Се апелира, исто така, да ја прилагодат брзината на градските улиците, дотолку повеќе што претстои почетокот на новата учебна година и зголемена сообраќајна динамика на подрачјето.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!