Гостивар
Петти протест во Гостивар: Не се откажуваме – да се поништи поскапувањето на струјата!

Објавено
пред 5 месецина

Во Гостивар по петти пат се одржа протест во знак на револт од зголемувањето на цената на електричната енергија. Граѓаните своето незадоволство од поскапувањето на струјата, го искажаа пред објектот на ЕВН.
Таму, ги повторија барањата да се поништи одлуката за поскапа цена, истата да се намали за 46%, Регулаторната комисија за енергетика да се распушти, да се укине монополот на дистрибуција и да се формира независен орган за квалитетот на услуги и поплаки на граѓаните од компаниите.
„Овие протести немаат ни политичка, ни етничка основа, ова се граѓански протести и ништо повеќе. Благодариме што дојдовте за вашите семејства, за вашите деца. Користам прилика да истакнам и еден друг проблем, а тоа е создавањето на гужви и чекањето со саати да се плати сметка во ЕВН. За да нема такви маки, треба да се отворат шалтери за наплата во сите населени места, да се избегнат редиците и да им се олесни на граѓаните од селата.“, рече еден од говорниците, Селајдин Абдули, од Движење Резистенца – Чегране.
Протестот во Гостивар, што го организира навивачката група Кастриоти го поддржаа и нивните соработници од Тетово.
„Следно на нашата агенда е да ги предизвикаме пратениците во Собранието, да реагираат на проблемите на граѓаните. Да работат на укинување на Регулаторна и формирање на независно тело кое ќе ги разгледува поплаките и жалбите на граѓаните врзани за услугите со електричната енергија“, изјави Аријанит Џафери од организациски одбор на протести во Тетово.
На протест повторно излезе и градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.
„Секогаш кога се работи за доброто на граѓаните, ние сме тука. Сметаме дека одлуката за поскапување на струјата е нереална, затоа што сме во период на криза. Се надевам дека ќе ја преиспитаат својата одлука и ќе ја намалат цената, бидејќи поголемиот дел од граѓаните поминуваат низ тешка економска криза“, рече градоначалникот.
Протестот во Гостивар се одржа под силно полициско обезбедување, а помина мирно.
ОГЛАСИ ЗА РАБОТА:
АНКЕТА:

Расчистени сметките со Академија ФМП – Убедлива победа на КК Гостивар 92-81

Следете го во живо натпреварот: КК Гостивар – Академија ФМП (Livestream)

Во Гостивар 87 оздравени, 6 новозаразени и 1 починат изминатово деноноќие

КК Гостивар денеска ја пречекува екипата на Академија ФМП

Анализи на Д-Дмери за ковид болни наскоро во лабораторијата на Здравствен дом во Гостивар со упат од матичен лекар

АХВ со совети како да ги заштитите животните во зима

Неколку природни лекови против болка во грлото

УЈП го продолжи рокот за даночни пријави до 29 јануари

Поставена спомен плоча во чест на полицаецот Ѓурчиновски кој загина во несреќа на патот Гостивар-Тетово

Детали од банкомат кражбата во Гостивар: Го исклучиле алармот, користеле хебли и брусилици…

Проституцијата цвета, во Гостивар над 270 девојки и жени даваат сексуални услуги

Инфектологот Наумоски од Гостивар за личната борба со ковид: Болеста ја погодува психата, поддршката од блиските и околината е најважна

(ВИДЕО) Локал крај патот Тетово-Гостивар полн со танчерки и гости, најден е и пиштол

Државата ќе дава пари за купување ПВЦ прозорци, печки на пелети, сончеви колектори…

Водата од градскиот водовод во Гостивар забранета за пиење поради заматеност

Фото вест: Гостиварец си го паркирал џипот на плоштад меѓу новогодишните украси…

Како се прославуваше Водици во Гостивар од 2016 до 2020 година (галерија)

На Градскиот стадион во Гостивар: ФК Гостивар – ФК Вардар Форино 1:0 (фото)

На Градскиот стадион во Гостивар: Вардар Форино – Вардар Скопје (8:9)

ПРОТЕСТ – Русино е смрт! Белите дробови ни се црни! Сакаме цвеќе, не сакаме депонија!

Кошаркарскиот клуб Гостивар започна со подготовките за сезоната 2020/2021

ГОСТИВАР МОРА ДА ДИШЕ! Протест бр.2 (фотогалерија)

Априлијада на Gostivarpress.mk (втор дел)

Почнува! Априлијада на Gostivarpress.mk (прв дел)
Популарно изминативе 100 дена
- Здравје и убавинапред 2 месеци
Цинкот е неопходен за силен имунитет – еве во која храна најмногу го има
- Технологијапред 2 месеци
Вредноста на биткоинот премина 18.000 долари
- Занимливостипред 2 месеци
Зошто мобилните телефони секогаш ви паѓаат на страната од екранот?
- Гостиварпред 3 месеци
Од полноќ поевтинуваат бензините
- Гостиварпред 2 месеци
Од полноќ нови цени на горивата
- Рецептипред 2 месеци
Подгответе сочна есенска пита од јаболка
- Гостиварпред 2 месеци
Од полноќ, поскапуваат горивата
- Што, како, каде?!пред 3 месеци
Нова „Мега акција со Мега ниски цени“ во МОНТЕНЕГРО МАРКЕТИ