Поврзи се со нас

Вести

Петто издание на поетскиот фестивал „Литературни искри“ во Гостивар – Конкурсот е објавен

Објавено

на

Започнаа подготовките за петтото издание на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ во Гостивар, кој се организира во чест на 24-ти Мај, Денот на Словенските просветители Св.Кирил и Методиј. Денес е објавен конкурсот за учество кој ги прецизира правилата за пријавување.

Во конкурсот стои дека: право да конкурираат имаат поетите од Македонија и од Балканските земји, кои ќе се натпреваруваат во две возрасни категории, до 18 години и над 18 години. Авторите испраќаат три необјавени песни на слободна тема, не подолги од 32 реда, напишани на мајчин јазик (учесниците на кои македонскиот не им е мајчин јазик, задолжително доставуваат препев на македонски јазик). Творбите се испраќаат на електронската адреса на фестивалот: literaturniiskri@yahoo.com. Крајниот рок за пријавување е 5-ти мај.

Како и секоја година, изборот на најдобрите ќе го направи стручна комисија. Фестивалот издава и заедничка збирка во која ќе бидат застапени автори за кои селекцијата ќе ја изврши комисијата.

Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ во Гостивар годинава го организира Здружението за култура „Дунек“ во соработка со Центарот за култура АСНОМ – Гостивар.

Меѓу наградените на фестивалот во претходните изданија се поетите: Стефан Марковски, Слаѓана Ставревска, Вања Савова (Бугарија), Невен Лукачевич (Хрватска), Кристина Мерклер и други.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена