Рецепти
Пилешко во сос од 4 сирења: Ручек за целото семејство
Брз и вкусен ручек за секоја пригода. За подготовка на ова јадење потребно ви е:
пилешки батак | 4 |
брашно | 2 лажици |
сол | 1 кафена лажичка |
бибер | ½ лажиче |
мајчина душица | 1 кафена лажичка |
масло | 2 лажици |
сирење во прав | 1 кесичка од 4 видови сирење |
праз | 3 парчиња |
лук | 2 чешиња |
вино | 125 мл |
Одделете ги батаците, и ставете ги едно по едно парче во кеса со брашно, сол, бибер и мајчина душица. Добро протресете за да се залепи брашното за секое парче месо. На загреано масло пропржете го месото превртувајќи го да добие убава боја од секоја страна. Наредете го месото во сад за печење, а на истото масло додајте ги сечканиот лук и парчиња праз исечени по должина.
Сè тоа малку испржете и премачкајте го врз пилешкото. Печете 20 минути во рерна загреана на 200 степени, па прелијте со виното во кое сте го измешале прашокот со 4 сирења и вратете го во рерна да заврши печењето.
Доколку е потребно, додадете уште малку вода во виното. Пријатен ручек.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар