Поврзи се со нас

Македонија

Пилотите во пензија, „Ер тракторите“ за гаснење на пожари нема кој да ги управува

Објавено

на

Државата располага со четири функционални хеликоптери за гаснење на пожари од кои три се во рамки на МВР и еден на Армијата, како и три „Ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување – ДЗС, но за жал во овој момент не може да се користат. Причина за тоа е што двајца пилоти заминале во пензија, а со само еден активен пилот авионите не смее да летаат, информираше денеска директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Проблемот, Ангелов очекува да се надмине од новата влада, бидејќи како што појасни иако директорот на ДЗС уште пред два и пол месеци побарал Владата да дозволи пензионираните пилоти да продолжат да работат со договор на дело, тоа техничката влада не го направила.

„Денеска сме недоволно подготвени, но за максимум десет дена ќе бидеме драстично повеќе подготвени, бидеќи верувам дека веднаш по формирањето владата ќе помогне да бидат ставени во функција трите „Ер трактори“ и ќе биде решен проблемот на ЈП „Македонски шуми““, изјави Ангелов, одговарајќи на новинарско прашање дали државата е подготвена за справување со летните шумски пожари.

Во ситуација, како што посочи Ангелов, кога не очекува топло и жешко лето, на ниво на државата моментално има 938 пожарникари, но потребни се уште 670 според информациите од сите територијални противпожарни единици. Најалармантна, според Ангелов, е состојбата во Пожарна Скопје.

-Апелирам до сите градоначалници да примаат млади луѓе кои што се здрави и можат да одговорат на гаснењето на пожари. Во овој момент просечна старост на пожарникарите е 42,5 години, изјави Ангелов.

Од опрема за гаснење на пожари на ниво на држава, располагаме со 105 цистерни со сопствени пумпи за гаснење на пожари, 33 авто-цистерни, кои носат вода, но немаат сопствени пумпи, понатаму имаме 48 противпожарни теренски возила за гаснење на пожари во шума и непристапни терени, како и 54 класични теренски возила со пумпи, 11 теренски возила, шест командни возила, две возила за превоз на луѓе и опрема и 191 пумпа.

Колку за илустрација, посочи Ангелов, на ниво на држава располагаме со 629 заштитни опреми, што е помалку од бројот на пожарникари.

Ангелов, исто така, повика за разумно користење на воздухопловите за гаснење на пожари, укажувајќи дека сите имаат одреден број на часови на летање, по што мора да поминат сервис и да не се доведе државата во ситуација поради интервенирање за помали пожари, да нема на располагање воздухоплови за гаснење пожари кога тоа ќе биде вистински потребно.

Следниот проблем со кој се соочува системот за справување со пожари е тоа што ЈП „Национални шуми“ има блокирана сметка и не може да обезбеди гориво за нивните возила и поради тоа не може да сметаме на нив.

–  Јас сум оптимист и верувам дека на првата седница на Влада нивната сметка ќе биде одблокирани за да можеме да сметаме на нивните тимови, изјави Ангелов.

Во Законот за шуми е предвидено да се изработи национален план за формирање на Национален комитет за справување со пожари на отворено, составен од 19 претставници на различни институции, кој треба да врши координација на користење на воздухопловите.

–  За жал Министерството за земјоделство не успеа да го стави во функција овој комитет. Од објективни причини Министерството предложи бришење на цела оваа глава од законот, а Владата го задолжи ЦУК да го координира тоа. Останува на Владата како ќе продолжи со ова, изјави Ангелов.

Забраната за движење на шуми, според Ангелов треба да е последна алатка, укажувајќи дека има многу малку податоци за граѓани кои предизвикале пожар, додека најголемиот дел од пожарите се од земјоделците кои палат стрништа. 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

сите дневни вести на Телеграм:

Гостиварпред 3 недели

Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ

Гостиварпред 4 недели

Дорис Димовска, млада музичка надеж од Гостивар подготвена да ја освојува сцената

Македонијапред 1 недела

Денес се слави Петровден

Гостиварпред 1 недела

Викендов 61 издание на Галичка свадба

Регионпред 4 недели

Во Црна Гора се отвора првата плажа за жени со хиџаб

Гостиварпред 3 недели

Трагедија во Маврови Анови: Починал малолетник откако врз него паднал бојлер

Гостиварпред 3 недели

Повеќе здравствени установи со нови в.д. директори, Танер Хасан на чело на Клиниката за ендокринологија

Гостиварпред 3 недели

Разрешен директорот на болницата во Гостивар, кој ќе биде назначен за в.д.?

Македонијапред 3 недели

МојДДВ продолжува со примена, за Граѓанскaта обврзница ќе треба да се врати довербата во системот-рече Димитриеска-Кочоска

Гостиварпред 4 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 4 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 6 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 7 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 8 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 8 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 11 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 11 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 12 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Огласи за работа:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена