Поврзи се со нас

Гостивар

Пишани материјали од отоманско време ќе дадат значајни податоци за Гостивар и околината

Објавено

на

Конзерваторскиот центар во Гостивар периодов работи на реализација на четири проекти за заштита културно-историското наследство на регионот. Се врши конзервација и реставрација на стари значајни обејкти, преводи на материјали пишани на отомански јазик, како и изработка на дигитална археолошка карта на подрачјето.

„На старата џамија во село Равен се спроведува зафат за зајакнување на темелите. Оваа џамија датира од 1830-та година и е архитектонска градба од отоманскиот период. Наша цел е во текот на наредните години да го завршиме целиот процес на конзервација и реставрација, со што ќе се врати автентичноста на џамијата, за да остане како културно-историско наследство за идните генерации. Во однос на зачувување на старата архитектува, работиме и на основен проект за конзервација и реставрација на куќата на Канчески во градот“, рече Хирије Саити, директор на Конзерваторски центар Гостивар.

Од преводите на материјали од отоманско време, треба да се добијат значајни и интересни податоци за Гостивар и околината за стари семејства, традиции, развојот на градот и сл. Дигиталната археолошка карта пак ќе помогне за натамошна заштита на археолошките наоѓалишта.

„Материјалите од отомански јазник се преведуваат на албански и на македонски. Тие содржат важни податоци за Гостивар и за регионот, кои ние како Конзерваторски центар ќе ги користиме во нашата работа во иднина. Што се однесува до „Дигиталната археолошка карта“, сакам да нагласам дека ова е прв ваков проект и преку него се очекува да се ажурираат сите податоци за археолошките локалитети, да се детектираат нови, а потоа комплетно ќе бидат достапни во дигитална форма“, појасни Саити.

Конзерваторскиот центар во Гостивар ги реализира проектите со финансиска поддршка на Министерството за култура.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Културапред 5 часа

Несекојдневно уметничко доживување за гостиварци-Перформанс, сликање пред публика

Гостиварпред 7 часа

Физички напад на улица во Гостивар заради долгови

Македонијапред 9 часа

Вработените во култура на протест, најава и за генерален штрајк

Вестипред 9 часа

Франција најголем увозник на руски гас во ЕУ

Гостиварпред 11 часа

Приведување во Гостивар, мајка го пријавила синот за агресивно однесување

Македонијапред 12 часа

Четврти ден штрајк на приватните специјализанти, осуда за притисоците

ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата во кои ќе се гласа на изборите

Гостиварпред 14 часа

Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Гостиварпред 15 часа

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена