Вести Гостивар
Пишманење: Ќе има, па ќе нема операции на товар на ФЗО за промена на пол

По вчерашната изјава на министерот за здравство, Венко Филипче дека операциите за промена на полот ќе се прават на сметка на Фондот за здравство, имаше лавина реакции во јавноста. Граѓаните искажуваа револт, посочувајќи дека за лекување од тешки болести за многу деца се собираат пари за донации, додека државата ќе плаќа за промена на пол.
Доцна синоќа, Министерството за здравство се огласи со соопштение, контра изјавата на министерот, во кое се тврди дека ФЗО нема да покрива трошоци за таков вид операции.
„Оперативниот зафат за промена на полот нема да постои на сметка на Фондот за здравствено осигурување и таков зафат нема да се изведува во јавна здравствена установа. Спроведувањето на оперативни зафати од страна на експертот Мирослав Ѓорѓевиќ значи опфаќање на голем број на уролошки операции за заштита на здравјето на децата, кои до сега беа принудувани да патуваат во странство за нивно спроведување. Со овој ангажман на врвен експерт ќе успееме да заштедиме средства што досега беа одвојувани од Фондот за операциите во странство.“, наведоа од Министерството.
Филипче изјавата ја даде на регионална конференција за правата на ЛГБТ заедницата.
„Од пред неколку месеци, за трансџендер хирургија на располагање е врвен експерт од Србија, којшто работи во развиени европски земји и во Америка и на сметка на Фондот за здравствено осигурување, овие операции коишто досега се правеа приватно, ќе се прават на Клиниката за детска хирургија“ , рече министерот.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 2 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја