Писма
ПИСМА: Читател реагира на пропусти со наплатата на паркинг
До нашата редакција стигна писмо од читател кој реагира на проблеми со зонското паркирање во Гостивар. Деан Лазарески кој се занимава со туризам и превоз на патници пишува дека во петокот (2 февруари) имал непријатно искуство поради нефункционалност на системот на наплата за паркинг кога носел група туристи во разгледување на градот.
„Во туристичката тура сакав да го вметнам Гостивар покрај Охрид и Маврово, но се` се поремети со паркирањето. Нормално се обидов да платам преку СМС, но неуспешно, па се впуштив во потрага да купам картичка за паркинг. Освен што тешко се наоѓаат тие места и кога најдов во тобакото ми рекоа дека се уште не им донеле картички за 2018 година. Потоа барав место на паркинзите кај спортската сала и покрај Кејот, но таму немаше место. На туристите им стана досадно да чекаат додека барам паркинг и решија да прошетаат по продавниците. А програмата на турата беше: Бегова куќа, Рекорд слаткара, плоштад, Саат Кулата и Кејот на Вардар. Ништо од тоа поради проблеми со паркингот, турата пропадна. Ако направиле зонско паркирање и поставиле луѓе за контрола кои ставаат блокатори нека ја организираат наплатата убаво. Знам дека можеби тој ден системот не работел, но да нема картички за 2018 во февруари е смешно. Како да паркирам и платам? Мојата критика е добронамерна, бидејќи навистина сакам во Гостивар да влезат туристи и да остават некој денар.“, стои во пораката на Лазарески.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 недели
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 недели
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
БРАВО! Руфија Идризовска од Гостивар со просек 10,00 најдобар студент на ПМФ и Институтот за хемија
-
Гостиварпред 3 месеци
Во среда прва проба за бадниковата поворка во Гостивар – Пријавете ги дечињата
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Манастирот Преображение во Циглана осветлен за Бадник