Гостивар
ПИСМА: Медицинари од Гостивар ангажирани во ковид центри реагираат за паричните награди
Група од 30-тина медицински лица и друг персонал од гостиварската болница се обратија до нашата редакција да ја пренесеме реакцијата во врска со исплатата на наградите за ангажираните во лекување на ковид пациенти.
Тие искажуваат незадоволство од висината на бонусот што го добиле, велат дека сумите се минимални, а биле прераспределени од други одделенија во ковид центрите, во период од две недели до месец дена.
„Не сме задоволни од тие минимални суми што ни беа доделени, кои се различни и се движат од 2.000 до 10.000 денари. Некои пак, што се со договор, без решенија, воопшто ги немаше на списоците, на некои им се скратени смени, наместо три пишани се две, без да добиеме конкретен одговор зошто е тоа така, не ни е јасно по која одлука Министерството за здравство така ги распределило парите. Само знаеме дека целата сум од 30.000 денари ја добија единствено тие што се со решение во ковид центрите, за другите како нас што бевме ангажирани во истите, сумата е многу мала, а ние исто така сме биле дирекно вклучени во грижата за пациентите“, се наведува во реакцијата.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград