Поврзи се со нас

Рецепти

Пита, пирошки, разни специјалитети – Што се може да направите од стар леб

Објавено

на

Доколку не сте некои големи јадачи на леб дома, сигурно често ви се случува да ви остане вчерашен леб. Немојте да го фрлате! Стариот леб може да се искористи на различни начини, а подготвеното јадење да биде повеќе од вкусно. Еве неколку предлози:

Пита од стар леб:
-еден леб
-300гр кравјо сирење или фета
-3 јајца
-200мл кисела павлака
-200мл млеко
-200мл кисела вода
-малку сол
-малку масло
-сусам

Подготовка:
Лебот исечете го на парчиња и наредете еден ред во подмачкано тавче. Изматете едно јајце со кисела вода и прелијте ги парчињата. Ставете сирење и наредете втор ред. Врз овие парчиња ставете ја смесата од следните состојки: 2 јајца, кравјо сирење, млеко, кисела павлака, малку сол и поросете со сусам. Загрејте ја рерната на 200 степени и печете додека не добие златна боја.

Можете да ја послужите со јогурт или сувомеснати производи.

Сув леб со топено сирење:
-еден леб
-1 до 2 лажички ситно исечкан магдонос
-2-3 чешниња лук
-100 гр сирење кое брзо се топи
– 2 лажици маслиново масло

Подготовка:
Лебот расечете го, но не сосема до крај на парчиња туку оставете малку за да остане целосен. На тивок оган испржете го истолчениот лук со маслиново масло. Ставете го сирењето и мешајте почесто за да не загори. На крај ставете го магдоносот. Оваа смеса ставете ја во празнините на лебот, помеѓу парчињата. Вака подготвен лебот печете го во загреана рерна на 150 степени, 15 минути.

Пирошки од стар леб
– 500 гр стар леб
– 100 гр кашкавал
– 100 гр шунка
– 100 гр лебни трошки
– 3 кисели краставички
– 1 јајце
– зачини по вкус

Плус:

– 150 гр брашно

– 2 јајца

– лебни трошки

– зејтин

Подготовка:

Лебот натопете го во вода, потоа исцедете го од вишокот течност и изронете го. Кашкавалот крупно изрендајте го, краставичките и шунката ситно исечкајте ги, додадете јајце и лебни трошки. Убаво соединете ги сите состојки со изронетиот леб, зачинете по вкус и измесете компактна смеса. Од подготвената смеса обликувајте пирошки. Валкајте ги во брашно, потоа во изматено јајце и на крај во лебни трошки, па пржете во загреано масло додека не поцрвенат од сите страни.

Освен овие неколку рецепти може да направите пржени лепчиња со јајце, брза пица без тесто, двопек и слично.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена