Поврзи се со нас

Вести

Пивото, кафето, виното и чоколадите ќе поскапат поради глобалното затоплување

Објавено

на

Глобалното затоплување би можело да доведе до поскапување и помала достапност на некои од нашите животни радости, како: кафето, чоколадата, пивото и виното, велат научниците.

Се подолгиот период со екстремно топли температури, топлотни бранови и суши, можат во иднина да нанесат голема штета на јачменот, кој е клучна состојка за произведување на пиво. Меѓународен тим на истражувачи оценил дека загубата може да изнесува до 17% од производството.

Тоа би значело дуплирање на просечните цени на пивото, се наведува во магазинот Nature Plants објавен вчера, пренесува Бета. Во земјите каде што пивото е веќе скапо, како што е на пример Ирска, цените може да бидат три пати поголеми.

Наводите се објавени една недела по објавувањето на извештаите од Обединетите Нации, каде што се нагласени опасностите од климатските промени, вклучувајќи ги и сите недостатоци на храна и вода, топлотните бранови, покачување на нивото на морето и болестите.

Еден од авторите на истражувањето, Стив Дејвис рекол дека истражувањето за пивото е направено со цел да се пренесе јасна порака за тоа дека климатските промени штетно влијаат на најразличните аспекти во секојдневниот живот.

Неколку научници кои не учествувале во истражувањето, навеле дека тоа е добар начин да се изложат опасностите од глобалното затоплување.

Американскиот агрикултурен еколог, Дејвид Лобел нагласил дека науката одамна знаела дека јачменот е “ меѓу еден од најосетливите поседи на топлотата“, но и дека истражувањето тоа го поврзува до нешто за што луѓето се грижат, како пивото, па затоа е важно.

Стив Дејвис е љубител на пивото и еден од тие кои се грижат.

„Ова истражување е созададено од љубов и страв“, рекол тој.

Јачменот, ширум светот се користи за најразлични работи, а најмногу за прехрана на стоката. Помалку од 20% од светскиот јачмен се користи за производство на пиво. Но, во САД, Бразил и Кина, најмалку две третини од житарките, завршува во шишиња, буриња и лимени конзерви.

Дејвис и неговите колеги, ги набљудувале само ефектите на комбинираните топлотни таласи и суши, а не и општото затоплување.

Ако емисија на гасови од стаклената градина од трошење јаглен, нафта и гас, продолжат со моменталното ниво на раст, голема е веројатноста дека временските промени ќе нанесат штета на производството на јачмен. Ќе расте еднаш во една деценија до 2050 година, до еднаш во две година, до крајот на векот.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Културапред 7 часа

Несекојдневно уметничко доживување за гостиварци-Перформанс, сликање пред публика

Гостиварпред 9 часа

Физички напад на улица во Гостивар заради долгови

Македонијапред 11 часа

Вработените во култура на протест, најава и за генерален штрајк

Вестипред 11 часа

Франција најголем увозник на руски гас во ЕУ

Гостиварпред 12 часа

Приведување во Гостивар, мајка го пријавила синот за агресивно однесување

Македонијапред 13 часа

Четврти ден штрајк на приватните специјализанти, осуда за притисоците

ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата во кои ќе се гласа на изборите

Гостиварпред 15 часа

Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Гостиварпред 17 часа

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена