Македонија
Плаќање или тужба за крадење фотографии од медиуми

Законските обврски при преземање на авторските фотографии, скромната судска пракса за авторските права во македонскиот контекст но и потребата од колективно здружување за заштита на правата на фоторепортерите беа дел од темите на работниот состанок кој се одржа во ЗНМ, а на иницијатива на секцијата на фоторепортери при ЗНМ. Присутни беа група на професионални фоторепортери но и засегнатите страни од медиумската индустрија како и националниот експерт за авторско право Валентин Пепељугоски.
Пред присутните колеги свои обраќања имаа извршниот директор на ЗНМ Драган Секуловски кој сподели што ЗНМ работи во изминатиов период на оваа тема, но и за последните трендови во контекст на неовластеното преземање на фотографии од страна на медиумите во Македонија.
На работниот состанок пред присутните фоторепортерот Томислав Георгиев сподели дека ,,во денешно време имаме можност да ги кодираме нашите фотографии за да можеме некако да ги пресретнеме потенцијалните идни кражби на нашиот авторски труд. Во контекст на ова мораме да размислиме да се оформи некаква платформа преку ЗНМ за да се креира софтвер каде би можеле нашите фотографии да ги поставиме со некаков „вотермарк“, каде би имале контрола за потенцијалните кражби на фотографии“, рече Георгиев.
Координаторот на секцијата на фоторепортери при ЗНМ, Петр Стојановски истакна дека во контекст на заштитата на нашите авторски права до сега постои тренд на подобрување на состојбата, односно дека помалку се преземаат авторски фотографии како и за праксата од странски агенции во делот на заштита на авторското право како и предизвиците во домашен контекст. Постојат неколку портали кои упорно прават вакви прекршоци, но сепак ова е вистинско време навистина да се постигне заеднички консензус во насока солидарно како фела да се реши овој проблем преку судски пат.
Адвокатот Валентин Пепељугоски потенцираше дека постојат два начини на заштита на фоторепортерите, од првиот механизам е вонсудски а вториот преку тужби пред надлежните судови.
,,За почеток мора да се тргнат емоциите и мора да издржите, пиратството никогаш нема да се искорени. И покрај предупредувањата секогаш ќе има неовластено преземање на содржина. Колективна организација е вистинска опција која законот го овозможува тоа каде сите вие како членови ќе оформите ваш ценовник, на тој начин ќе ја олесните работата на обвинителството и судот во потенцијална постапка. Мора да размислите како фела да оформите ваш ценовник за да избегнете скапо вештачење, потенцирајќи дека доколку постои ваков ценовник секогаш можете да се повикате на истата”, истакна Пепељугоски.
Присутните имаа прилика да дебатираат на темата и да се констатираат неколку заклучоци кои во иднина ќе резултираат во практични чекори и активности во насока на поголема заштита на авторскиот труд, не само на фоторепортерите, туку и на сите медиумски работници во земјава.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар