Поврзи се со нас

Вести

Планетата Земја од денеска веќе живее на кредит

Објавено

на

Човештвото заклучно со денешниот ден ги има потрошено сите природни ресурси што годишно може да ги обезбеди планетата Земја, така што влегува во „еколошки долг“ два дена порано отколку лани.

Денот кога се прекорачуваат земјините ресурси од 1970 година наваму настапува се порано, освен во 2020 кога тоа беше на 22 август, за што причина беше намалената потрошувачка на ресурсите поради пандемијата.

Глобална мрежа за истражување „Глобал футпринт нетворк“ што секоја година го пресметува тој датум, соопшти дека на глобалната популација за обнова на се се она што го троши и е потребен биокапацитет од 1,75 од Земјата.

Три милијарди луѓе живеат во земји што произведуваат помалку храна отколку што консумираат и заработуваат помалку од светскиот просек, се наведува во извештајот.

Исто така, 72 отсто од светското население живее во земји со дефицит на биокапацитет и помали приходи од светскиот просек.

Во соопштението се посочува дека 60 отсто од еколошкиот отпечаток на планетата се состои од емисии на јаглерод диоксид и дека тие мора да се сведат на нула до 2050 година за да се избегнат брзите климатски промени.

Фактот дека пречекорувањето на ресурсите трае веќе 50 години значи дека вкупните годишни дефицити создадоа долг за животната средина еквивалентен на 19 години планетарна регенерација.

„Резултатот е широко распространета деградација на еко-системот и атмосфера исполнета со гасови со ефект на стаклена градина“, се наведува во соопштението.Пресметано е дека доколку човештвото го пролонгира датумот на надминување на ресурсите за шест дена секоја година, до 2050 планетата ќе ги обезбеди сите потреби на населението на Земјата. Што се однесува на поставените цели за ограничување на глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови, датумот би морал да се одложи за десет дена.
Извештајот нагласува дека постојат многубројни и економски исплатливи можности за постигнување на тие цели. Меѓу препорачаните се мерки за двојно намалување на отпадот од храна, подобрување на велосипедската инфраструктура и производство на повеќе електрична енергија од ветер. 
Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 3 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена