Вести
Планетата Земја од денеска веќе живее на кредит
Човештвото заклучно со денешниот ден ги има потрошено сите природни ресурси што годишно може да ги обезбеди планетата Земја, така што влегува во „еколошки долг“ два дена порано отколку лани.
Денот кога се прекорачуваат земјините ресурси од 1970 година наваму настапува се порано, освен во 2020 кога тоа беше на 22 август, за што причина беше намалената потрошувачка на ресурсите поради пандемијата.
Глобална мрежа за истражување „Глобал футпринт нетворк“ што секоја година го пресметува тој датум, соопшти дека на глобалната популација за обнова на се се она што го троши и е потребен биокапацитет од 1,75 од Земјата.
Три милијарди луѓе живеат во земји што произведуваат помалку храна отколку што консумираат и заработуваат помалку од светскиот просек, се наведува во извештајот.
Исто така, 72 отсто од светското население живее во земји со дефицит на биокапацитет и помали приходи од светскиот просек.
Во соопштението се посочува дека 60 отсто од еколошкиот отпечаток на планетата се состои од емисии на јаглерод диоксид и дека тие мора да се сведат на нула до 2050 година за да се избегнат брзите климатски промени.
Фактот дека пречекорувањето на ресурсите трае веќе 50 години значи дека вкупните годишни дефицити создадоа долг за животната средина еквивалентен на 19 години планетарна регенерација.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар