Вести
Планинарењето по Кораб заврши кобно за планинарот од Хрватска
Почина педесет и осумгодишниот П.П. од Сплит, Хрватска, кому му се слоши вчеравечер на Кораб Планина.
Како што соопшти МВР, во Центарот за информации и команда Тетово, било пријавено дека на местото викано „Кобилино поле“, во атарот на Маврови Анови, има планинари-државјани на Република Хрватска, претставници на планинарско друштво од Сплит. На еден од нив, П.П. (58) од Сплит му се влошила здравствената состојба и побарал помош.
„Со хеликоптер на МВР лицето било донесено во Градската општа болница „8-ми Септември“-Скопје, каде од страна на лекар била констатирана смрт. По наредба на Јавен обвинител на телото на починатиот ќе биде извршена обдукција, а увид ќе се врши во текот на денешниот ден.“, информира МВР
-
Гостиварпред 20 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград