Поврзи се со нас

Гостивар

Планинарското друштво „Шари“ Гостивар прослави 20 години постоење

Објавено

на

На пригодна свеченост со доделување на благодарници и плакети, Планинарското друштво „Шари“ Гостивар прослави 20 годишнина од формирањето. На одбележувањето присуствуваа членови на друштвото, соработници, претставници на организации и други планинарски друштва од регионот и пошироко.

Претседателот Ќерим Абази потсети на почетоците на друштвото, зборуваше за историјатот, како и за активностите кои традиционално се организираат низ годините и планинарските потфати од поголеми размери.

„Ова е посебна прилика за нас, чест ни е што заедно ја славиме дваесетгодишнината од формирањето на друштвото „Шари“ Гостивар. Имаме планинарски тури кои години наназад традиционално ги организираме, на кои сме горди, а особено ни е драго што млади планинари се приклучуваат во нашите редови.“, рече меѓу другото Абази.

На свеченоста, благодарници им беа доделени на поединците кои биле дел од првиот состанок на кој се донела одлука за основање на друштвото. Платеки пак, добија сопружниците Ќерамедин и Ајфер Зендели за посебен придонес и афирмација на друштвото.

Одбележувањето се заокружи со заеднички коктел.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена