Занимливости
Планините виножито со прекрасни бои
Ова место што го гледате на сликава навистина постои. Со овие живописни бои се ишарани планините што се наоѓаат во геолошкиот парк „Zhangye Danxia Landform“ во провинцијата Гансу во Кина, кои според тоа и се нарекуваат планини виножито. Слоевите првично биле поставени хоризонтално, еден над друг, како филови од торта.
Овие неверојатни бои на планините се резултат на интеракцијата на водата и кислородот со железото и другите елементи во седиментот, заедно со другите минерали што останале при бавното провлекување на подземните води низ депозитите.
Во текот на милиони години, слоевите се таложеле и се зацврстувале создавајќи карпи. Нивната карактеристична закосеност е разултат на истите тектонски сили кои се одговорни за создавање на Хималаите – со уривањето на индиската плоча во евро-азиската плоча, што започнало пред околу 40 или 50 милиони години, слоевите земја се навалувале и се збивале формирајќи планини.
Откако слоевите се подигнале, ерозивните сили, како ветровите и водата ги обликувале карпестите контури што сега ги гледаме.
Во соработка со Е наука
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар