Гостивар
Плановите за вработувања на неколку училишта пред Советот на Гостивар

Дваесет и првата седница на Советот на Општина Гостивар е закажана за 30-ти јануари (четврток). На дневен ред се ставени триесетина точки од различни области, меѓу кои се и предлог заклучоци за давање согласности на годишни планови за вработување во неколку училишта.
Во годишниот план на средното техничко училиште за 2020-та предвидени се 4 нови вработувања и тоа хигиеничар (две места), економски домаќин и благајник. Во средното општинско училиште гимназија, планирано е едно вработување во помошно техничка служба, поради, како што е наведено зголемен обем на работа.
Во доставениот Годишен план на основното училиште во село Чајле, нема предвидени нови вработувања во оваа година.
На седницата следниот четврток ќе се најдат и предлози за именување и разрешување на членови на одбори во јавни установи и институции како Јавното претпријатие за паркиралишта и зеленило, Центарот за култура АСНОМ и Гостиварски театар.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година