Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Пластични, стаклени или челични…Кој тип на личност сте вие?

Објавено

на

Неодамнешно истражување на научници од Универзитетот во Њујорк, доведе до психолошко типизирање на личностите на три типа симболично наречени: пластични, стаклени и челични.

Пластични – Повеќето луѓе во светот спаѓаат во овој тип. „Пластичните“ во себе носат  некоја траума, рана предизвикана од стрес или сериозен проблем. Тоа со тек на време ги направило да станат флексибилни, еластични, но под постојан стрес дека во секој момент може да пукнат.

Стаклени – За психолозите ова е дефинитивно најлошиот механизам. Откако ќе се искрши стаклото, се` е завршено. Таквите луѓе и малите проблеми можат да ги уништат, да ги скршат на парчиња, кои потоа не се составуваат.  Стаклените луѓе или стануваат целосно отуѓени од сè и секого, или пак се целосно уништени.

Челични – Стресот буквално се одбива од овој тип на луѓе, како топка од ѕид. Сепак, таквиот одговор на стрес може да биде многу штетен; може да донесе поголем ризик, отколку корист. Кога целосно се изолираме од стресот, ја пропуштаме можноста да научиме важни животни лекции. Нема шанси да се стекнеме со нови искуства што ќе ни помогнат да не ги повторуваме грешките подоцна во животот.

Од што зависи дали ќе бидете силни како карпа и ќе ги издржите сите проблеми, или првата пречка ќе ве распарчи.

Психолозите велат дека „материјалот“ од кој сме „создадени“ зависи од дневните пречки што животот ни ги поставува. Значи, можеме да бидеме деликатна личност од стакло, човек од пластика, но и од челик. Кога станува збор за менталното и емоционалното здравје, постои еден одлучувачки фактор – нашето разбирање за тоа кој одбранбен механизам треба да го користиме за надминување на проблемите. Двата најпопуларни механизми се: избегнување и спротивставување. Приказната се повторува во текот на животот – се соочуваме со животни пречки, страдаме страшно и се обвинуваме себеси зошто не извлековме некоја лекција од тоа. Меѓутоа, наместо да се казниме себеси и да го бараме виновникот, треба да обрнеме внимание на многу важна работа. Факт е дека желбата да се избега или да се издржи на нозе некој удар е всушност „програмирана“ реакција на мозокот. Фигуративно кажано, ова се „фабрички поставки“ што можат да се надградуваат!

Зошто нечиј мозок е отпорен на стрес, а некој не е? Повеќето луѓе често размислуваат за ова. Зошто трпиме несреќи и неповолни околности и гледаме на тоа поинаку? Некои луѓе се како карпи, а ние обично си восхитуваме за нивната упорност, оптимизам и способност да надминат сè. Други веднаш се распаѓаат, некои никогаш повеќе не застануваат на нозе.

Клучот лежи во нашите мозоци. Луѓето што ги гледаме како отпорни на стрес имаат таков мозок, но сепак знаат да ги „исклучат“ вознемиреноста и ирационалните мисли во екстремни ситуации.

Научниците од Универзитетот во Њујорк во својата студија откриле директна врска помеѓу воспитување на дете во здрава врска и околината и неговата способност да се справи со стресот и вознемиреноста во зрелоста.

Значи, и тоа доаѓа од детството. Децата на кои им се посветува малку внимание го носат тој белег во мозокот. Најпогоден е делот од мозокот кој е одговорен за контролирање на стравот и емоциите. Ова значи дека детето кое немало доволно внимание во детството и не се чувствувало безбедно во иднина, не знае како добро да управува со своите емоции.

Клучот за здрава еластичност е да пронајдете средно ниво помеѓу силата и флексибилноста, да достигнете ниво на зрелост што ќе биде доволно за да ги контролирате вашите емоции, но исто така и да му дадете приоритет и промена на вашиот механизам за размислување и одбрана.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена