Гостивар
„Платите ќе продолжат да растат, 60.000 домаќинства ќе добијат бесплатен инвертер“, изјава на Филипоски од СДСМ
„Имаме јасна визија за тоа каква држава сакаме да биде Република Северна Македонија за 4 години отсега, во 2024 година. Нудиме нова, развојна македонска економија која носи стабилност и шанса за сите. Нудиме нова македонска развојна економија, заснована на нови технологии, одржливост и човечки капитал. Модел што ќе ги штити работните места на граѓаните, ќе генерира повисоки плати и подобри работни места. Платите ќе продолжат да растат, до 2024 година, минималната плата ја зголемуваме до 40 отсто, просечната плата ја зголемуваме до 30 отсто.“, вели во денешната изјава во рамки на предизборната кампања, кандидатот за пратеник од Коалицијата Можеме, предводена од СДСМ, Драгољуб Филипоски.
Во продолжение на обраќањето, нагласи дека се инвестира во здравствениот систем и грижата за граѓаните:
„Вложуваме во здравството и затоа имаме здравствен систем во кој услугите се достапни за сите. Вложуваме 33 милиони евра во одделенијата за интензивна нега, а продолжуват инвестициите во јавното здравство. Скопје добива нов клинички центар кој ќе пружа интегрирани здравствени услуги. Ја прошируваме позитивната листа на лекови, а со апликацијата „Здравје за сите“ ќе се скуси времето и „шетањето“ на пациентот од доктор до специјалист и аптека. Грижата за сите продолжува, целта ни е 34.000 домаќинства да примаат гарантирана минимална помош, а 65.000 деца да примаат детски додаток. До крајот на мандатот градиме и нови 777 социјални станови низ државата. Време е сите да се вклучиме во обезбедување ЕКО држава. 60.000 домаќинства во следните четири години ќе добијат бесплатен еко инвертер за да престанат со употребата на фосилни горива. Ги ангажираме сите капацитети и градиме екодржава. Обезбедуваме Комунална полиција во секоја општина и 24-часовен надзор на инспекциските служби.“
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград