Поврзи се со нас

Македонија

Плескавиците, ќебапите и меленото месо со нови попрецизни декларации

Објавено

на

Агенцијата за храна и ветеринарство донесе нов Правилник за барањата во однос на квалитетот на меленото месо, подготовки од месо и производи од месо, во кој се допрецизирани одредени прашања кои се однесуваат на квалитетот на месото.

„Од аспект на подобрување на деловната клима во секторот преработка на месо, во правилникот се направени измени кои се однесуваат на деталното уредување на тоа кои категории месо може да се користат за производство на одредени производи. Унапредената заштита на потрошувачките права е во насока на обезбедување нивна подобра информираност за тоа што купуваат и тоа со воведување на задолжително декларирање на потеклото на месото и давање на информации во декларацијата дали производот е добиен од свежо или замрзнато месо, дефинирање на содржината на вкупни протеини и содржината на вода во производите. Ваквите новини се основа за гарантирање не само на подобра информираност на потрошувачот, туку претставуваат и основа за спречување на евентуална можност за нивна измама“, изјави директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов кој ги презентираше новините во Правилникот на прес конференција, денес воСтопанската комора на Македонија.

Новите стандарди предвидуваат подготовките од месо и производите од месо, во декларацијата, освен задолжителните податоци за информирање  да содржат и податоци за содржина на вкупни протеини, содржина на протеини од месо, содржина на колаген во протеини од месо и содржина на вода. Подготовките од месо, доколку се произведени од замрзнато месо, треба да содржат и информација дека се произведени од замрзнато месо со истакнување на датумот на замрзнување на месото.

„Досега на декларацијата не го пишуваше процентот на вода во месото, а токму додавањето вода е класична злоупотреба – плаќате месо, добивате вода“, рече Атанасов.

Претседателката на Организацијата на потрошувачи на Македонија – ОПМ, Маријана Лончар Велкова, истакна дека нивната организација заедно со бизнис заедницата и надлежните од Агенцијата активно учествувала во подготовката на правилникот со кој, како што рече таа, се изврши заокружување и на посебните области кои се регулирани со одредбите на Законот за безбедност на храната.

Гоце Трајчев, претседател на Групацијата на производители и преработувачи на месо при Комората, посочи дека Агенцијата за храна и ветеринарство одговорила на барањето на членките на Групацијата за измена и дополнување на постоечкиот правилник, за што се одржани неколку заеднички состаноци на кои се допрецизираа новините.

-Се надеваме дека до 1 Мај, најголемиот дел од преработувачите на месо ќе направат напор и целосно ќе го усогласат работењето со новини стандарди од Правилникот и во делот на означувањето, односно за декларирањето на производите – додаде тој.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена