Гостивар
Плус „триесетиеден“ за КК Гостивар во дуелот со Вардар во Скопје (55:86)
КК Гостивар без поголеми проблеми се справи со екипата на КК Вардар. Гостиварци го добија натпреварот со резултат 55:86, по четвртини (6:24, 15:17, 13:24, 21:21).
“Бело-сините”, од самиот почеток ја контролираа играта, не им дозволија на домаќините во ниеден дел од натпреварот да го загрозат резултатот.
Младата екипа на Вардар максимално се трудеше да парира на теренот, но долгата клупа и одличната игра на Доналдсон и Џелетовиќ, не дозволија изненадување во Кале. Доналдсон постигна 20 поени, 8 скокови и 2 асистенции, Џелетовиќ запиша 19 поени и 7 скокови, Вучковиќ 11. Тројцата странци во гостиварскиот тим заедно постигнаа 50 поени од вкупните 86.
Кај домаќините најрасположени беа Темелковски 10 и Настовски 9 поени.
Во следното петто коло, кошаркарите на Гостивар во Младост ја пречекуваат екипата на Кожув.
-
Гостиварпред 3 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград