Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Со ПМС нема шега – има ли чаре?

Објавено

на

 

Предменструалниот синдром носи цела вреќа на маки и тешкотии за припадничките на женскиот пол: мачнини, подуеност, нервоза, брза промена на расположението, преголема чувствителност, несоници…Списокот е уште подолг, а справувањето со сите нив воопшто не е лесна работа. Жените најдобро знаат, но и мажите се согласуваат, со ПМС нема шега.

Медицината докажала дека високи 75% од жените страдаат од ПМС. Во обид да им ги олеснат тие неколку проблематични денови од месецот, лекарите имаат повеќе совети: поголема физичка активност, намалување на внесот на течности, земање на витамини,   опуштање со музика и топла бања. Вака гледано, многу општи препораки кои жените ги прифаќаат со сомнеж. Сепак, има неколку совети што се базирани на посебни истражувања и што вреди да се пробаат. Се однесуваат конкретно на храната, а дадени се од група американски медицински експерти.

Нивните заклучоци се базираат на десетгодишно истражување во кое биле опфатени околу 1.000 жени кои страдале од ПМС и околу 2.000 кои немале никакви симптоми. Тие дошле до сознание дека оние жени кои во исхраната редовно конзумирале намирници богати со тијамин и рибофлавин (витамини од „б“ групата), немале маки предизвикани од предменструалниот синдром. Жените пак кои не внесувале такви продукти, секој месец си плачеле над своите ПМС тешкотии.

Рибофлавинот е витамин Б2 и го има во јајца, јогурт со мала масленост, спанаќ, соја, печурки, бадеми…Тијаминот е витамин Б1 и може да се најде во сончоглед, грав, кељ, ореви, грашок, квасец и туна.

Дали ќе ги прифатите советите на американците или не, е ваша работа, но едно е сигурно – кога Молиер го смислил својот познат цитат за жените, имал на памет жена во ПМС:  -“Жената е единственото суштество кое може да плаче и да се смее за иста работа, а често пати и во исто време“

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена