Поврзи се со нас

Македонија

По 1.000 денари месечно субвенции за сметките за струја ќе добиваат ранливите групи

Објавено

на

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека е усвоена Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, со која се обезбедува директна финансиска поддршка и дополнителни мерки за најзагрозените категории граѓани.

Програмата утврдува кои категории на граѓани спаѓаат во групата на ранливи потрошувачи и ги дефинира мерките за нивна заштита. Финансиската поддршка е насочена кон домаќинства кои користат гарантирана минимална помош, семејства со деца со попреченост, како и згрижувачи на лица во социјален ризик. Секое од овие домаќинства, доколку ги исполнува критериумите, ќе може да добие субвенции за намалување на месечните трошоци за електрична енергија во износ од 1.000 денари месечно.

Ослободувањето од дел од сметката за струја ќе се применува во текот на 12 месеци, а за оваа поддршка граѓаните ќе може да аплицираат со поднесување барање до Министерството. Јавниот оглас за пријавување ќе биде објавен наскоро на официјалната веб-страница на Министерството www.energy.gov.mk, како и во два дневни весника.

Програмата е донесена на предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, а вкупниот буџет за нејзино спроведување изнесува 60 милиони денари. Со оваа Програма се предвидуваат следните мерки:

Директна финансиска поддршка за ранливи потрошувачи на енергија, која ја спроведува Министерството за социјална политика. Околу 40.000 домаќинства ќе добиваат паричен додаток за покривање на дел од трошоците за енергенси во периодот од октомври до март. Дополнително, корисниците имаат право на забрана за исклучување од мрежата во месеците декември, јануари и февруари, право на одложување/реструктуирање на неплатени долгови. Приоритет при поправки на мрежата и ослободување од трошоци за повторно приклучување.

Намалување на сметките за струја за 1.000 ден./ месечно (12 месеци) за:

· Домаќинства со деца со попреченост, ако вкупниот месечен нето доход на домаќинството во 2024 година не го надминува следниот износ:

-42.000 денари за домаќинство со два члена

-60.000 денари за домаќинство со три члена

-80.000 денари за домаќинство со четири или повеќе члена

Згрижувачки семејства – За нив, горната граница на месечен нето доход е зголемена од 80.000 до 160.000 денари, во зависност од бројот на згрижените деца, при што посебниот додаток за згрижување не се пресметува во оваа сума.

Програмата предвидува и важни рокови и обврзувања, односно поддршката ќе престане доколку корисникот не плати две последователни сметки, сите корисници се должни да ги плаќаат преостанатите износи на сметките навреме.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Технологијапред 6 часа

„Wind Down“: TikTok со новитет за подобар сон и дигитален баланс

Светпред 9 часа

Пуштен во употреба големиот тунел на автопатот „Патот на Арбр“

Спортпред 12 часа

Македонските кошаркари во група во Унгарија и Романија во мундијалските претквалификации

Светпред 13 часа

Укинувањето на сезонско сметање на времето е сѐ уште во игра

Гостиварпред 14 часа

Седница на Советот на Гостивар за финансиите на општината и јавните претпријатија во 2024-та година

Занимливостипред 15 часа

Среќен Пи (π) ден – роденденот на најпознатата математичка константа!

Гостиварпред 17 часа

Проблемот со кучињата скитници во Гостивар стаса до општинскиот Совет

Гостиварпред 17 часа

Девојка од Гостивар пријавила дека братот противправно ја држел затворена во домот

Светпред 19 часа

Голем студентски протест утре во Белград, властите предупредуваат на можни немири

Гостиварпред 3 недели

Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар

Македонијапред 4 недели

По 1.000 денари месечно субвенции за сметките за струја ќе добиваат ранливите групи

Гостиварпред 4 недели

Вешта жена 2025 во Гостивар: Сплотени да шириме љубов, убавина и добрини!

Гостиварпред 4 недели

Девојки од Украина, Бугарија и Србија приведени во локал во гостиварско

Гостиварпред 4 недели

Јасмина Топалоска победи на Вешта жена 2025 во Гостивар

ФОТО ВЕСТпред 2 недели

ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести

Гостиварпред 4 недели

Управните служби на МВР од денес со ново работно време

Гостиварпред 2 недели

Згрозувачки објави на Инстаграм за девојки од Гостивар, профилот се пријавува

Рецептипред 4 недели

Војнички грав – Легендарниот вкус од војничкиот казан на ЈНА

Гостиварпред 2 месеци

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 месеци

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 месеци

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 4 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 6 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 7 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 12 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 година

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена