Македонија
По 1 милион денари државна поддршка за градба или реконструкција на рибници

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави Јавен повик за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2019 година, наменети за градба на нови или ревитализирање на постоечки рибници.
За изградба на нови или реконструкција и адаптација на постоечки риболовни пунктови, финансиската поддршка изнесува 1 милион денари, толкава е и максималната вредност на оние кои сакаат да градат или реконструираат мандри за традиционален лов на риба во Дојранско Езеро. Право на користење на средства од оваа мерка имаат општините и регистрирани репроцентри за производство на репродуктивен и порибителен материјал.
До 1,5 милиони денари е максималната сума за поддршка за рехабилитација на риболовни води со доградба, надградба и опремување на постоечките капацитети/мрестилишта за производство на репродуктивен и порибителен материјал. Право на користење имаат
субјекти кои се регистрирани за дејност аквакултура и кои поседуваат или користат недвижен имот на кој планираат да изградат капацитет за аквакултура; или поседуваат дозвола за користење на вода за поставување на кафези во зоните предвидени за аквакултура.
Аплицирањето трае до 6 август, а сите детали може да ги најдете на веб страната на Агенцијата за финансисика поддршка во земјоделието.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар