Вести
По 1 милион денари на ФК и КК Гостивар – парите за спорт од буџетот за 2019 исцрпени
Распределбата на пари од општинскиот буџет за поддршка на спортските клубови, покрена широка дебата во Советот на Општина Гостивар. На денешната седница на дневен ред беа предлог одлуки за доделување на финансиски средства на ФК и КК Гостивар, како и на ракометниот клуб Јехона.
Од општинскиот Сектор за финансии објаснија дека од вкупниот буџет за поддршка на спортот за 2019-та година во висина од 7,2 милиони денари, веќе се реализирани околу 60% и доколку се прифатат сите одлуки за давање средства на клубовите, буџетот ќе се исцрпи, па и надмине. „Во таков случај или ќе треба да се прави ребаланс или да не бидат исплатени парите“, рекоа одговорните за општинските финансии.
Генерално, од сите советнички групи се изјаснија дека се ЗА поддршка на спортските клубови и развој на спортот, но имаше забелешки во однос дека поголемиот дел од колачот го добиваат ФК и КК, и не остануваат средства за помалите клубови, како и дека по доделување на средствата клубовите треба да доставуваат извештаи, каде ги потрошиле парите.
По паузата дадена за координација, Советот едногласно ги усвои одлуките за доделување пари на клубовите и тоа: по еден милион денари на ФК и КК Гостивар и 500.000 денари за РК Јехона.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 недели
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 недели
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Во среда прва проба за бадниковата поворка во Гостивар – Пријавете ги дечињата
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Манастирот Преображение во Циглана осветлен за Бадник
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија: НОВОГОДИШНО „НАРАЧАНО“ ИНТЕРВЈУ со Дедо Мраз | Gostivarpress.mk