Гостивар
По 100 нови барања за социјална помош месечно во Гостивар, поминуваат 30 %

Поголемиот дел од лицата и семејствата кои поднесуваат барања за социјална помош во Центарот за социјална работа во Гостивар не ги исполнуваат условите да станат корисници. Месечно до службите стигнуваат стотина нови барања, а по чешлање на документацијата и проверките на терен, позитивно решение добиваат просечно 30% од нив.
„За гарантирана минимална помош месечно имаме по околу 100 барања, но повеќето не ги исполнуваат условите. За да биде одобрено барањето лицата треба да се невработени, да немаат остварено приход последните три месеци, да не поседуваат друг имот освен кадешто живеат, не треба да имаат возило-недвижен имот…Од поднесените, по сите извршени процедури се прифаќаат околу 30%“, информира Дарко Миовски, директор на Центарот за социјална работа во Гостивар, кој освен гостиварската ги опфаќа и соседните општини Врапчиште и Маврово Ростуше.
Надлежните оценуваат дека по порастот на социјалци во времето на ковид пандемијата, состојбата сега е стабилизирана. Како корисници на гарантирана минимална помош во Центарот регистрирани се 2.799 семејства.
„Зголемување на бројот на социјални корисници имаше во време на корона кризата, сега имаме стагнација.“, вели Миоски.
На подрачјето што го покрива Центарот евидентирани се 1.057 корисници на детски додаток, 1.056 на социјална пензија, 263 на надоместок за лица со попреченост, 1.297 на надоместок за туѓа нега, 1.049 се корисници на додаток за трето дете итн.
Како новина од установата ја најавуваат социјалната услуга за помош и нега во домот за ранливи категории лица, во рами на која стотина негуватели периодов поминуваат низ посебни обуки.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!