Поврзи се со нас

Гостивар

По 15-тина лица дневно прават ковид тест на епидемиологија во Гостивар

Објавено

на

Со 38 активни случаи на коронавирус, епидемиолошката состојба на гостиварското подрачје за сега останува стабилна. Бројката на новозаразени е ниска и не предизвикува влошување на ситуацијата.

Во епидемиолошката служба на подрачната единица на Центарот за јавно здравје во Гостивар периодов се прават по 15-тина PCR тестирања за ковид на дневна основа и повеќето резултати се негативни. Во лабораторијата на Здравствениот дом, пак веќе два и пол месеци не се вршат брзи антигенски тестови, што беше пракса порано. Тестирања за присуство на коронавирус во Гостивар се прават и во Ројал Медика Микро лабораторијата.

Иако моментално состојбата е мирна, имајќи предвид дека во други градови, заразата веќе зема замав, лекарите предупредуваат граѓаните да не се опуштаат и да ги почитуваат превентивните мерки. Во спротивно велат, голем е ризикот од нов бран.

„Да се носат маски, редовно одржување на хигиена и да нема групирања. Ова се препораките кои граѓаните мора да ги почитуваат, секако и протоколите кои се пропишани. Гледаме дека во други региони и во околината веќе има значителен раст на нови случаи и треба да бидеме внимателни“, вели д-р Берун Мустафа од ЦЈЗ.

Според статистиката на Министерството за здравство, во општините Гостивар, Врапчиште и Маврово Ростуше од почетокот на пандемијата потврдени се вкупно 8.029 позитивни на коронавирус. Како оздравени се евидентираат 7.608 лица, а од последица на ковид починале 383 пациенти.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 1 недела

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 3 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Вестипред 5 дена

Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион

Гостиварпред 3 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 3 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 2 недели

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Гостиварпред 2 недели

Во понеделник дел од Гостивар 5 часа без струја, ќе биде исклучено и училиште

Македонијапред 4 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Гостиварпред 3 недели

Гостопримството на гостиварци и дали биле подобри домаќини од тетовци?…

Огласи за вработување:

Популарно изминативе 100 дена