Вести Гостивар
По 17-ти пат во Гостивар се играше кошарка во спомен на Игор Билески

Заврши 17-тиот меморијален турнир „Другарите за Игор“, посветен на прерано загинатиот гостиварски кошаркар Игор Билески. На овогодинешниот настан учество зедоа екипите на: Партизан Мултишпед Скопје, Феникс Скопје, Актавис Лесковац, Работнички Скопје, ФМП Скопје и КК Гостивар кои учествуваа со повеќе младински генерации распределни според возрасни категории: М14, М16 и М18. Турнирот траеше два дена. Вчера се одира разигрувањето, за денес беа закажани финалните натпревари.
Во М14 групата, во финалето се сретнаа екипите на КК Гостивар и ФМП Академија од Скопје, гостиварци го освоија второто место, а најдобри во категоријата до 14 години беа кошаркарите на ФМП Академија, го добија финалниот натпревар со резултат 59:71.
Во М16 финалето, се најдоа екипите на Феникс Скопје и КК Гостивар. „Бело-сините“ надежи од Гостивар во оваа група го освоија првото место. Совладувајќи ги гостите од Скопје со резултат 97:80.
Во највозрасната категорија, за играчи до 18 години, во денешното финале се пресметаа КК Гостивар и Феникс Скопје. Скопјани беа поуспешни во овој дуел, го добија натпреварот 67:84.
На најуспешните учесници на турнирот им беа доделени медали и пехари од страна на организаторот, а на останатите кои помогна во беспрекорната организација и реализација на турнирот, благодарници. Со ова кошаркарските работници од Гостивар покажаа дека се зрели за организација на ваков вид спортски манифестации, дури и од поголеми размери.
Турнирот „Другарите за Игор“ годинава го помогнаа: КК Гостивар, КФСМ и Општина Гостивар.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 2 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја