Поврзи се со нас

Гостивар

По 2 милиони денари субвенции за КК и ФК Гостивар

Објавено

на

Советот на Општина Гостивар денес изгласа одлуки за доделување субвенции на КК и ФК Гостивар. Клубовите поединечно ќе добијат по 2 милиони денари од општинскиот буџет.

Советникот Миртезан Селими од Алијанса за Албанците реагираше дека клубовите имаат спонзори  и инвеститори и не треба да се потпираат на финансиите од општината.

„Јас нема да ја поддржам оваа одлука. Фудбалскиот клуб има друг доминантен сопственик, на општината припаѓаат 49% од акциите. Ние не знаеме колку доминантниот акционер инвестира во клубот. Кошаркарскиот клуб има спонзори, општината ете помага со користење на салата и слично, а за успесите клубовите се повикуваат само на спонзорите. Треба да има пропорционална распределба на субвенции. Зошто на пример, фудбалскиот клув Форино не добил средства.“, рече Селими.

На тоа му реплицираше неговата сопартијка Њомза Шаќири, која рече дека општината сепак има обврска да ги помага клубовите и има предвидено средства во Програма за поддршка на спортот.

Со коментар се јави и советникот од Демократски сили на Ромите, Кашмир Салиу, кој истакна дека ќе гласа за одлуката, но побара подетално да се разгледуваат ваквите точки.

„Кога се доделуваат финансиски средсрва повеќе личиме на некоја хуманитарна организација. Сугерирам подетално да се разгледуваат овие точки. Јас ќе гласам за поддршка на клубовите, немам ништо против спортот. Но, треба да се мисли и на другите потреби и проекти. Општината остана глува за поддршка на проектот Ресурсен центар за Роми, за кој се‘ уште не се дадени средства“, изјави Салиу.

Освен за спортските клубови, субвенции добија и Јавните претпријатија за паркинзи и зеленило 2,5 милиони денари и за стопанисување со спортски објекти Ринија, 2 милиони денари.

На денешната седница беа усвоени и измени во годишниот план за вработување на општината. Причината за тоа како што беше објаснето, биле усогласување со новините во делот на пензионирањето.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 3 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 7 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 9 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 10 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 11 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 12 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 13 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 14 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена